Градежна компанија од Јужна Кореја им нуди 70 илјади евра за раѓање дете на своите вработени. Се надеваат дека со ова ќе се реши проблемот со падот на наталитетот во земјата.

Од 2021 година компанијата потрошила 4,8 милиони евра за 70 бебиња. Вработените од двата пола имаат право на детска издршка. На вработените со три деца им се нуди и сума од 208.000 евра или постојано плаќање на киријата за стан од 85 квадрати.

„Ако наталитетот во Кореја остане низок, земјата ќе се соочи со криза на изумирање за 20 години. Нискиот наталитет е резултат на финансиските оптоварувања и тешкотиите во балансирањето на работата и семејниот живот, па затоа решивме да преземеме таква драстична мерка“, истакнал основачот на компанијата, Бујонг Ли Јунг-кеун.

„Кореа тајмс“ известува дека Јужна Кореја се соочува со алармантно ниски стапки на плодност, со проектиран пад на населението што не е забележан од 70-тите години. Во 2022 година нацијата забележала најниска стапка на плодност во светот од 78%, што се очекува да се намали на 65% до 2025 година.

Извор



912

X