Денес, врз голем број уреди е достапна родителска контрола, но „Первејсив груп“ користи вештачка интелигенција за да оди чекор понатаму.

Компанијата започна пред околу 10 години кога лансира апликација која може да се преземе на телефоните на децата за да им помогне на родителите да го контролираат она што можат да го гледаат и она што го прават децата на телефоните.

Сега компанијата разви начин на кој технологијата е вградена во самиот телефон за децата да не можат да ја заобиколат.

– Одлучивме да лансираме решение, а тоа е телефон со вградена наша апликација. Наменет е за деца на која било возраст. Во суштина, сè што еден родител би сакал да може да направи, апликацијата може да го направи. Така, може да го филтрира интернетот и да го заклучи телефонот. Исто така, може да ги следи пораките, без оглед дали станува збор за текстуални пораки или пораки на популарните социјални мрежи – вели Коли Причет, директор за маркетинг на „Первејсив груп“.

Исто така, технологијата користи и вештачка интелигенција која компанијата ја разви независно.

– Апликацијата доаѓа со безбедносни предупредувања што ги движи вештачка интелигенција. Така, нашата вештачка интелигенција ги скенира овие пораки, па ако открие нешто поврзано со сајбер-малтретирање, дрога, закани за насилство, сексуални предатори, несоодветни слики, родителите ќе добијат известување на нивниот телефон и веднаш ќе можат да видат предупредување и порака – објаснува Причет.

Околу 75 отсто од родителите на деца на возраст од 5 до 11 години изјавиле дека ги проверуваат веб-страниците што ги посетуваат нивните деца, како и мобилните апликации што ги користат, покажува истражувањето спроведено од истражувачкиот центар „Пју“. Околу 72 отсто од истата група користат родителски контроли за да ограничат колку време нивното дете седи пред екран.

Извор



912

X