Комисијата за заразни болести донесе предлог-одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен оние лица што имаат извештај од специјалист за егзацербација (влошување) на болеста, информираат од Министерството за здравство.

-За работничките што се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата – информираат од Министерството.

Предлог-одлуката ќе биде доставена до Владата.



912

X