Има една стара поговорка – ако немаш ништо убаво да кажеш, не кажувај ништо. Сите треба да се држиме до тоа во секојдневните ситуации, бидејќи никому не му е удобно и не се радува кога ќе слушне несоодветни коментари за сопствениот избор или ситуацијата во која се наоѓа. Ова е особено точно за мајките на мали бебиња, т.е. доилките. Понекогаш ни се чини дека не постои чин што предизвикува толку контроверзии како доењето – особено во јавноста. Зошто нешто толку природно ја дели јавноста на два табора и предизвикува толку многу грди коментари?

Истражувањата покажале дека ова се реченици кои длабоко ја навредуваат секоја мајка што работи „работа“ што претставува вистинска скапоценост – хранење на своето мало дете.

„Па, отсекогаш си сакала поголеми гради“

Коментарите за деловите од телото на жената воопшто се многу несоодветни, особено оние за големината на нејзините гради по породувањето. Тие го прават тоа за да го нахранат своето дете – така што последното нешто што сакаат е да се сексуализира нивниот изглед.

„Ти си нешто како човечка крава!“

Навистина е неразбирливо како некој може да каже такво нешто. Дали мисли дека тоа е она со што секоја мајка сака да се споредува?

О, моето бебе веднаш го прифати доењето“

Одлично, многу се радуваме за тебе. Но, дали си помислила колку мамички имаат тешкотии со некој дел од доењето (пуштање млеко, болки во брадавиците, измолзување…). Затоа, прескокнете ја целата споредбена игра и наместо тоа, поддржете ја секоја мајка и почитувајте ја одговорната работа што ја работи.

„Дали е тоа вино? Па, нели уште доиш?”

Да. И токму затоа на некои мајки им треба малку вино. Се шегуваме, но дали доилката може да испие чаша фино розе е прашање на договор меѓу неа и нејзиниот доктор.

„Не ги доев моите деца и ништо не им фали“

Доењето, се согласуваат сите експерти, е секогаш најдобриот избор. Но, без осудување ако некоја мајка не дои или не може да дои. На ниту една жена не ѝ треба осуда за нејзиниот избор.

„Твоите гради никогаш нема да се вратат во нормала“

Ви благодариме за говорот. Што друго треба да ви каже мајката што дои како одговор на овој коментар?

„Таму е тоалетот, ако ви е таму поудобно“

Веројатно на доилката ѝ е удобно таму каде што веќе почнала да го дои детето. Размислете што барате од неа – да седне на тоалетот за да може да го нахрани своето бебе!? Не можеме сами да одлучиме дали таму ќе ѝ биде поудобно на доилката.

„Дали си го пробала твоето сопствено млеко?“, проследено со „фууууј!“

Луѓето што го поставуваат ова прашање веројатно воопшто не размислуваат (за ништо) пред да го постават.

„Уште доиш?“

Мајката која избрала да го дои сопственото дете веројатно самата најдобро знае кога да престане.

„Дали ќе се покриеш?“

Ако доилките се чувствуваат поудобно да се прикриваат додека дојат, веројатно би го направиле тоа самите, нели? Секоја мајка има различни преференции и треба да го направи она што е најдобро за неа и ако ви е непријатно, имате слобода да изберете – оддалечете се или погледнете настрана.

Ви звучи познато?

Извор



912

X