Министерството за образование и наука во соработка со општините деновиве реализира анкета со цел да се добие јасна слика колку ученици во основните и во средните училишта имаат услови за да применуваат далечинско учење. Дали семејството поседува паметен телефон, лап-топ, слушалки, или персонален компјутер, односно основната технологија која е потребна за учениците да следат онлајн-настава.

Од МОН објаснуваат дека целта на анкетата е да се изнајде решение за сите ученици да бидат вклучени во овој вид настава и да се помогне таму каде што е неопходно. Согласно Уредбите со законска сила за примена на Законите за основното и за средното образование за време на вонредна состојба, наставата во основните и средните училишта се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.

фото: eduino.gov.mk

– Имајќи предвид дека има ученици во чие место на живеење нема достапен интернет, а има и ученици кои потекнуваат од социјално ранливи семејства и можеби не располагаат со електронски уреди, МОН заложувајќи се да изнајде решение за сите ученици да бидат вклучени во далечинското учење, се обрати до училиштата со барање да се обезбедат овие податоци во најкус можен рок. По добивањето на податоците и нивна анализа, заедно со локалните самоуправи ќе се обидеме да најдеме начин воспитно – образовниот процес да продолжи за сите ученици во овој период кога е прогласена вонредна состојба – велат од МОН.

 



912

X