Слободното време не е често кај мајките. Кога жената станува мајка, целиот нејзин живот се менува и се чини дека никогаш повеќе нема да има време за себе. Обврски околу децата има многу, на пример, хранење, облекување, секојдневни активности и постојана грижа, а мајките обично ги ставаат своите потреби последни на листата.

Иако поради горенаведеното повеќето луѓе мислат дека мајките би биле многу посреќни да имаат што повеќе слободно време, работите не се толку едноставни. Во ново истражување научниците дошле до заклучок колку слободно време е идеално за среќа на мајките. Тие пресметале дека е препорачливо да поминуваат 2 часа дневно без обврски. Иако ова изгледа тешко изводливо во мајчинството, со малку креативност и дисциплина, не е невозможно.

Она што изненадува е што податоците дополнително покажаа дека премногу слободно време има негативен ефект. Ова е спротивно на мислењето на повеќето луѓе, бидејќи општиот впечаток е дека повеќе слободно време носи повеќе среќа. Мајките што имале пет часа слободно време дневно се чувствувале полошо, биле помалку продуктивни, што предизвикало фрустрација и проблеми во семејството, немале чувство на исполнетост поради добро извршени обврски и можноста за депресивни состојби била поголема.

Автор: Кетрин Пирсон

Извор



912

X