Се проценува дека дури 50 отсто од децата во одреден момент ги доживуваат ефектите од болки при растење. Но, и покрај тоа што е многу честа појава, има многу мистерии околу овој тип болка. Еве што треба да знаете за болките при растење и како да му помогнете на вашето дете доколку се појават.

Болките при растење всушност се однесуваат на болки во нозете кои се јавуваат кај децата, најчесто ноќе, објаснува педијатарот Данел Фишер, кој додава дека оваа состојба најмногу се јавува на возраст од 3 до 12 години.

„Ова обично се случува кај здрави деца, а на болката најмногу се жалат навечер или може да ги разбуди од сон“, вели Фишер. Симптомите може да вклучуваат тапа болка, обично во долниот дел на ногата, а може да се почувствуваат и зад коленото.

Но, зошто болките при растење најчесто се појавуваат ноќе? Како што објаснува педијатарот Гери Решак, причината веројатно е што децата едноставно се порасеани во текот на денот и не ги забележуваат толку многу како навечер. Исто така, истакнува Фишер, хормонот за раст се активира токму кога децата спијат.

„Често можеме да ја слушнеме фразата дека растеме додека спиеме, а тоа е точно. Токму овој раст преку ноќ може да го зголеми ризикот од болка“.

Има многу мистерија околу растечките болки, дури и во медицинската заедница. „Сè на сè, причината за растечките болки сè уште е непозната. Некои студии посочуваат дека постои одредена поврзаност со прекумерната употреба на екстремитетите, но нема точен доказ кој го потврдува тоа“, објаснува Решак. Имено, тој смета дека болката би можела да биде поврзана само со високиот интензитет на физичката активност на детето во текот на денот.

Со него се согласува и педијатарот Фишер. „Студиите едноставно не се доволно убедливи. Исто така, секој има различни прагови на болка и тоа може да игра значајна улога во тоа зошто некои деца чувствуваат растечка болка повеќе од другите“.

Каква болка е нормална, а кога е неопходно да се оди на лекар?

Педијатрите советуваат како да се ублажат овие болки. Имено, родителите можат да се обидат да ги масираат нозете на детето или да ги третираат болните места со топли облоги. Иако болките при растење се чести и не претставуваат опасност за здравјето на детето, во некои случаи е неопходно да се побара помош од лекар. Тоа се:

-болка која ја зафаќа само едната нога
-неодамнешна повреда
-куцање или отежнато одење
-црвенило
-оток
-модринки
-исип
-треска
-болка која трае и вториот ден.

Иако тие можат да бидат крајно непријатни за детето, болките при растење не треба да влијаат врз нивото на неговата активност или да го попречуваат неговото функционирање во текот на денот. Во случај детето често да се жали на болка и да не може да ја поднесе, педијатрите препорачуваат да се побара лекарска помош.

Извор



912

X