Дали мислите дека вашите деца ви го исцрпуваат мозокот? Размислете повторно. Една нова студија посочува дека непроспиените ноќи и стресните утра всушност можат да го одржат умот млад и остар.

Истражувачите анализирале скенирање на мозокот на 19.964 жени и 17.607 мажи од Обединетото Кралство и откриле дека луѓето што имаат деца покажуваат побавно когнитивно опаѓање со текот на годините во споредба со оние со помалку или без деца.

-Областите што ја губат функционалната поврзаност како што поединците стареат, се истите области кои покажуваат зголемена поврзаност кога луѓето имаат деца – вели водечкиот автор на студијата Аврам Холмс, професор по психијатрија во Центарот за напредно истражување на човечкиот мозок „Рутгерс“.

Резултатите, кои биле исти за мажите и жените, покажуваат дека овие ефекти врз мозокот се резултат на родителството, а не само на бременоста.

-Гледаме широк модел на функционални промени. Кај луѓето што одгледувале голем број деца овие промени се особено очигледни во делови од мозокот поврзани со движењето и социјалните врски – забележува Холмс.

Истражувачите нагласиле дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди точно како родителството може да помогне во борбата против стареењето на мозокот. Проширените истражувања би можеле да имаат важни импликации во борбата против осаменоста и деменцијата во однос на стареењето на населението, особено ако се има предвид дека денес помалку луѓе раѓаат деца.

Извор



912

X