За децата што повеќе да се забавуваат, да играат и да им биде интересно, родителите често ги оптоваруваат со играчки. Нови, поразлични, досега невидени.

Кога одите некаде – се носат играчки. Тие се незаменливи на патувањата и одморите. Па, што ќе прават децата освен што ќе играат? Мора да се носат играчки!

И дали е тоа навистина така? Дали на децата навистина им требаат играчки за играње?

Токму затоа што постојано ги опкружуваме со играчки, не им даваме шанса да ни покажат како играат БЕЗ играчки. Дали ќе можат да играат на плажа ако немаат комплет кофи, лопати, гребла и друга опрема? На крајот на краиштата, дури и во најраниот период децата ги покажуваат своите интереси, па бебињата и малите деца често земаат в раце работи што не се играчки. Што значи тоа? Како не ни е јасно што навистина им треба за да се забавуваат?!

Колку помалку играчки, толку повеќе игра

Родители, слободно водете се по ова во иднина. Ова не значи само дека ќе заштедите пари, туку всушност ќе направите нешто добро за вашето дете. Покрај тоа што купувањето нова играчка на крајот ќе престане да биде „настан“ и единствена награда достојна за добро однесување, ќе му подарите и недостиг од играчки на детето – па детето конечно ќе има можност слободно да игра и да ја користи својата имагинација.

Ако не верувате – осмелете се и тестирајте ја оваа тактика!

Реализирајте едно патување до игралиште или плажа (или некое друго место за играње во песок) без ниту една играчка. Кога децата ќе се најдат во песокот без сите помагала за играње (со можеби една лопата в рака што ја донеле по своја волја) – тогаш ќе се појави на површина она што навистина знаат да го прават, а тоа е да си играат!

Школки, камчиња, дрвца, прсти… ќе бидат повеќе од доволни алатки за тоа што децата ќе сакаат да го направат. На крајот на краиштата, пуштете ги да одат и да набљудуваат и наскоро ќе ви стане јасно – играта трае подолго кога нема играчки!

Истото можете да го примените и во просторија каде што сакаат да поминуваат време или во нивното катче за играње. Доволно е да им обезбедите минимален број предмети со кои ќе можат да си играат – без оптоварување дека дополнително има потреба од некоја нова играчка која ќе им го „привлече вниманието и ќе поттикне нов тип на игра“.

Децата дефинитивно ќе играат – тоа е нивната работа

Со или без играчки – децата ќе играат. За нив тоа е игра и имагинација. За нив игра е и фантазирање, зборување, трчање, скокање. И во исто време – тоа е сè што им е потребно за да се развијат, да научат, да ги надминат новите пречки и да го поттикнат нивниот развој на најдобар можен начин.

Понекогаш ќе им треба играчка. Некои играчки навистина ќе им се најдат. Но, исто така, некои ќе бидат само еднократна забава без некое значително влијание, па не е важно дали е играчката тука или не.

На крајот на краиштата, децата се деца и целиот свет за нив е едно големо игралиште!

Извор



912

X