Колкава плата би земале мајките што остануваат дома и не одат на работа доколку им се плаќа секоја задача што ја извршуваат.

Како мајка која не работи изминативе осум години, гарантирам за фактот дека останувањето дома и грижата за децата и за домот е една од најтешките работи на светот. Од будење во 5 часот од страна на гладно бебе, никогаш не одите во тоалет сами, помагате во домашните работи, приготвувате повеќе оброци во текот на денот, пуштате машина, па ги ставате алиштата да се сушат, па ги собирате, па ги диплите, па ги пеглате, трчате да ги однесете децата на некаква активност… Мајките што остануваат дома и немаат баш релаксирачки начин на живот.

Истражување на веб-страницата „Салари“ во 2018 година покажува колку овие мајки би заработувале за нивните должности. Истражувачите анализирале 15.000 мајки за да разберат како го поминуваат денот и што прават, а потоа примениле податоци за платата за секоја одговорност. Така, годишната плата на мајките што остануваат дома во САД е 162.581 долар.

Јасно е дека мајките извршуваат неопходна работа. Постојано се шегувам дека ако не бев јас, мојата куќа ќе се распаднеше. Моите деца никогаш не би биле избањати и никогаш не би имале чисти алишта и би јаделе нездрава храна.

На крајот, мислам дека длабоко во себе овие мајки знаат колку е важна работата што ја правиме, дури и кога никој не се заблагодарува. Но, помага да се знае дека кога би добивале пари, би заработиле богатство. Важно е да се напомене дека постои сè поголем број татковци што остануваат дома и се грижат за децата и домот, додека мајките одат на работа.

Автор: Мелиса Вилетс



912

X