Игротека

Колку пари треба да остави забната самовила? Една мајка се изненадила од одговорите на другите родители

Губењето млечни заби често е непријатно искуство за децата, но токму тука настапува забната самовила, која под перничето остава симболична награда за храброста.

Никол Стил од Единбург побарала совет од други родители откако нејзината 5-годишна ќерка ѝ кажала дека ѝ се нишаат два запчиња. Ја интересирало колку пари обично остава забната самовила. Нејзиното прашање предизвикало лавина одговори, а Никол останала шокирана од сумите што некои родители ги давале.

Иако најголем дел од родителите рекле дека оставаат симболична сума, најчесто една фунта, имало и такви што откриле дека оставиле дури 20 фунти за едно запче. Некои тврделе дека ја намалуваат сумата со секој следен заб: прво 20, потоа 10, па 5 фунти. Други, пак, наместо пари, оставале писмо од забната самовила, што многумина го сметаат за поубав и поискрен гест.

– Моите добиваа по една фунта. Можев да дадам и повеќе, но тоа ќе ја расипеше целата магија. Станува збор за нешто волшебно, а не за пари, нели? – напишала една мајка.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top