Никол Стил од Единбург ги прашала другите родители за совет, отккао нејзината 5 годишна ќерка открила дека и се лулаат дури два млечни заба. Имено, ја интересирало колку пари Добрата вила остава под перница. Нејзиното прашања предизвикало лавина од одговори, а Никол останала шокирана од износите кои Добрата вила ги дава на деца поединци.

Иако повеќето родители се изјасниле дека нивните деца ги наградуваат со симболичен износ, односно со 1 фунта, имало и доста посериозни износи. Некои мајки рекле дека за еден заб „платиле“ дури 20 фунти, но други родители брзо и остро ги критикувале дека споделуваат непримерни износи. Една личност ја објаснила својата логика која се крие позади толку великодушното наградување: „20 фунти за првиот заб, потоа 10, па 5, па неколку фунти“. Имало и такви кои истакнале дека наместо пари на децата им оставаат писмо од Добрата вила.

Тие не ја криеле својата шокираност од износите кои другите луѓе ги споделуваат.. „Моите деца имаа пријатели кои добиваат огромни износи, но сериозно не можев да верувам кога слушнав“, напишала една мајка. Еден од нив напишал: „На сите оние кои даваат 5 или 10 фунти за заб – имајте на ум дека во одделението на вашето дете ќе има некои деца кои еднакво силно веруваат во Добрата вила, но нивните семејства нема да можат да си го дозволат тој износ“.

Друга мајка рекла: „Моите добија една фунта. Можев да им дадам многу повеќе, но мислам дека тоа би ја расипало цела магија. Се работи за магија, а не за пари, зарем не?“.

Автор: Беки Пембертон

Извор



912

X