Никој не ве познава подобро од вашата мајка, но колку вие ја познавате жената што ве донела на свет?

Поголемиот дел од жените најголема доверба имаат во својата мајка. Таа е нивна најдобра пријателка и личност на која можат да ѝ кажат сѐ. Но, колку од жените ги знаат деталите од животот на мајка им? Каква била како девојка и пред да ги роди?

Можете да ѝ ги поставите овие прашања, пред да биде доцна:

1. Кое е твоето најстаро сеќавање?
2. Која е најтешката ситуација во која си се нашла?
3. Каков бил твојот однос со родителите?
4. Што е она што секогаш си сакала да го направиш, но не си успеала? И зошто?
5. Дали твоите родители правеле нешто за кое ти си се заколнала дека никогаш нема да го правиш кога ќе станеш родител?
6. Колку сериозни врски си имала пред да се омажиш?
7. Како изгледало најтешкото раскинување што си го имала?
8. Што си сакала да бидеш кога ќе пораснеш?
9. Како било да се биде жена за време на твоето растење?
10. Дали ти беше лесно да имаш и кариера и да израснеш деца? Дали би менувала нешто, кога би можела?

11. Како се чувствуваше како домаќинка и мајка? Дали повторно би го направила тој избор? (доколку не била вработена)
12. На кого си се угледувала додека си растела?
13. Кое е најдоброто патување на кое си отишла?
14. Кој ти бил најдобар пријател додека си растела? Кој ти е денес најдобар пријател?
15. Дали постои некој момент во твојот живот што ти го променил погледот кон светот?
16. Дали некогаш си направила нешто импулсивно? Како завршило тоа?
17. Кога сум те повредила најмногу во животот додека растев?
18. Што сум направила за да те налутам најмногу?

19. Како знаеше дека си подготвена за мажење?
20. Како знаеше дека си подготвена да имаш деца?
21. Што треба да знам за семејните болести што би влијаело врз моето и здравјето на моите деца?
22. Како изгледаше денот кога се родив?
23. Како изгледаше денот на твојата свадба?
24. Каква била најголемата кавга што си ја имала со мојот татко?
25. Која ти е омилена фотографија од нашето семејство?
26. Како изгледаше првата година кога стана мајка?
27. Што им посакуваш на своите деца?
28. Како би сакала да изгледа твојот погреб?
29. Како си изгледала кога си била на мои години?
30. Дали некогаш си била сексуално нападната или вознемирувана?
31. Дали имаш некои здравствени проблеми за кои јас не знам?
32. Како би изгледал твојот совршен ден? Опиши ми.
33. Која песна многу ти значи?
34. Дали некогаш си замислувала дека вака ќе изгледа твојот живот?
35. Кој совет сега би си го дала сама на себе во дваесеттите, триесеттите или четириесеттите години?



912

X