Доколку не проверите навреме уште колку ви важи патната исправа и колкав е рокот што го толерираат државите во кои сакате да одите, може да не ја напуштите земјата

Тоа што пасошот сè уште ви важи не значи дека ќе заминете во странство. Секоја држава има свое правило за тоа колку време не смее да е пред истек на важност вашиот пасош за да може да ја поминете границата. Така, доколку не проверите навреме уште колку ви важи овој документ и колкав е рокот што го толерираат државите во кои сакате да одите, може да не ја напуштите земјата, да ви пропадне уплатена возна карта, резервација, платен престој во хотел…

Во Министерството за надворешни работи проверивме какви се правилата на група држави во кои најчесто патуваат наши граѓани. Патната исправа треба да е важечка најмалку три месеци по планираниот датум на заминување на странецот од територијата на земјите-членки на ЕУ и шенген-зоната. Притоа во оправдани случаи, утврдени со закон, може да не се исполни оваа обврска. За патување и престој во соседна Србија, правилото вели дека пасошот треба да е валиден за време на престојот, што значи дека може да го користите до моментот на истекување. Истото правило, пасошот да е важечки за време на престојот, важи и за Црна Гора.
Доколку одите во Албанија.

Прочитајте повеќе на Факултети.мк.



912

X