Еден пар го затекнал својот петгодишен син како јаде гума за џвакање, а кога го погледнале пакувањето, сфатиле дека момчето изело 40 гуми за џвакање без шеќер. Родителите веднаш повикале итна помош, а лекарите им рекле да ја следат состојбата на момчето.
Шест часа подоцна, момчето почнало да чувствува грчеви во стомакот, добило дијареја и имало силни болки. Детето итно било пренесено во болница, а кога му направиле рендген на стомакот, лекарите откриле голема маса во стомакот. Поминало два дена во болница, додека лекарите го разгледувале најдобриот начин за отстранување на масата од гумите за џвакање. Знаејќи дека детето изело голема количина гуми за џвакање, решиле да направат езофагодуоденоскопија (EGD).
Парчињата гума за џвакање наводно блокирале 25% од неговиот стомак и гастроинтестиналниот тракт. Лекарите му ставиле метална цевка низ грлото на детето и му ги извадиле гумите за џвакање од стомакот. Биле потребни „неколку поминувања“ на ЕГД за да се извади сето тоа. По постапката момчето било добро, освен што се пожалило на болки во грлото пред да си оди дома.

Нутриционистот Бет Сервони од Клиниката „Кливленд“, вели: „Ако голтнете гума за џвакање, таа ќе излезе преку столицата околу 40 години подоцна. Ако го правите ова секој ден или неколку пати на ден, тоа може да предизвика блокада во цревата, а блокадата нема да се исчисти сама по себе. Ако не се лекува, може да предизвика руптура на гастроинтестиналниот тракт“.
Гумата за џвакање обично се прави од синтетичка гума, што значи дека нема хранлива вредност за организмот.
„Основата на гумата за џвакање не е сварлива, па таа само останува во вашите црева докрај и не се распаѓа“ – изјавила Бет.