Во последно време на социјалните мрежи сѐ почесто кружат совети како да се однесуваме со децата. Последно во низата е видео за тоа како да се ублажи болката во грлото со сок од компир. Иако од видеото јасно се гледа дека споменатиот пијалак може за многу кратко време да ги отстрани сите симптоми на настинка, лекарите предупредуваат на многу последици врз здравјето на децата.

Ели, мајка на две деца, тврди дека ќерките ги излекувала без употреба на антибиотици со сок од компир, кој според неа „инстантно ги убива бактериите во грлото“. Докторката Наташа Ѓуричиќ од Здравствениот дом „Савски венац“, во соседна Србија, објаснува колку може да биде опасно тоа.

„Педијатриските ординации се единственото место каде што родителите треба да се обратат за совет и лекување на нивните деца. Педијатрите се доволно медицински едуцирани и единствено компетентни. Кога станува збор за конкретниот случај, тоа е непрофесионален совет бидејќи стрептококните инфекции се сериозни и ние точно препишуваме со што и за колку време се лекуваат“, изјавила д-р Ѓуричиќ.

Ако родителот размислува да го лекува своето дете преку „Тик-ток“, мора да биде свесен за сериозните последици врз неговото здравје. Компликации што можат да произлезат од непрофесионален третман се локалното ширење на инфекцијата во вид на апсцеси околу крајниците, а исто така на зглобовите, срцето, бубрезите… „Затоа никогаш не треба да слушате такви совети“, додава д-р Ѓуричиќ.

Најопасен во целото видео е таканаречениот третман со сок од компир. „Не верувам дека успеала со тој трик, можно е да се работи за поблага инфекција. Стрептококата може да предизвика многу посериозни варијанти и подобро е да контактирате со педијатар кога се работи за нешто вакво“, смета педијатарот.

Погледнете го видеото од мајката кое предизвика остра реакција кај детските педијатри:

@mindycayer Please remove this harmful video #alliecasazza #strepthroat #dangerous #homeopathic #ignorance @allie_thatsme ♬ original sound – Mindy Cayer

Извор



912

X