Косата на децата е многу послаба од косата на возрасните, па затоа не е потребна иста нега и миење. Доколку не внимавате на негата на детската коса, може да предизвикате проблеми. Косата има потреба од редовно миење и нема сомнеж во тоа, но ако го правите тоа премногу често, може да стане штетно бидејќи може да се оштети деликатниот скалп.

За повеќето деца, секојдневното миење на косата може да ги уништи природните масла на косата, што не е добро. Од деветтата година па наваму, косата има тенденција полесно да се масти, па дури тогаш можете да почнете да ја миете неколку пати неделно.

Дали треба да користите шампон за детска коса?

Кога ја миете косата на вашите деца, треба да избегнувате обични шампони бидејќи тие содржат посилни хемикалии кои можат да предизвикаат иритација на скалпот. Наместо тоа, треба да користите бебешки или детски шампон наменет за мека коса и чувствителен скалп.

Дали на децата им треба регенератор за коса?

Возрасните сакаат да користат регенератори за да го направат влакното посвилено. Но, на бебињата тоа не им е потребно, а ако сакате да ги користите, направете го тоа дури по втората година.

Не треба да користите регенератор за коса за деца под две години бидејќи косата на бебето е многу нежна, па нанесувањето регенератор може да биде штетно.

Пречестото миење на косата може да предизвика проблеми

Ако често ја миете косата на вашите деца, тоа може да доведе до сув скалп или дури и дерматитис, што може да предизвика болка и отекување на скалпот. Но, ако не им ја миете косата доволно често, може да предизвикате појава на првут, кршење на косата и вишок маснотии. Ова, исто така, може да доведе до инфекција на фоликулот на косата.

Се препорачува на бебињата да им се мие косата еднаш неделно поради чувствителноста на скалпот. Меѓутоа, ако детето ја извалкало косата со храна или со нешто додека играло, измијте му ја.

Кога децата ќе пораснат, ќе забележите и дека нивната коса станува помрсна. На секое дете му треба различна нега. Така, на некое дете ќе му треба миење на косата секој втор ден, на друго двапати неделно.

Експертите велат дека на детската коса не ѝ треба сушење, дека наместо тоа, најдобар избор е да ја триете со крпа и да ја оставите да се исуши природно.

Кои производи не треба да ги користите за детска коса?

Ако вашето дете има чувствителен скалп, користете средства што нема да предизвикаат иритација. Исто така, треба да избегнувате какви било производи што содржат парабени и сулфати бидејќи овие хемикалии се премногу груби за детската кожа.

Извор



912

X