Користа од внесување млечни производи не може да се изолира само на поттикнување на правилниот развој на коските, туку исто влијание има и врз имунолошкиот систем, дигестивниот тракт, очите, кожата

Млечните производи заземаат битно место во пирамидата на исхраната затоа што со нивниот состав и нутритивни карактеристики учествуваат и поттикнуваат многу процеси во организмот. Протеините, витамините и минералите од јогуртот и млекото придонесуваат за зајакнување на коските, особено на детскиот организам кој се наоѓа во период на интензивен раст и развој, но се еднакво корисни и за другите возрасти.

– Децата на возраст над една година може да почнат со консумирање млеко. Ферментирани млечни производи како јогуртот може да се внесуваат од 8-месечна возраст. Како резултат на активните култури што ги разградуваат лактозата и протеините, јогуртот лесно се вари и добро го поднесуваат доенчињата. Во текот на втората и третата година дневните потреби се 500 мл млеко и млечни производи, до 8-годишна возраст до 600 мл, а помеѓу 9. и 18. година по 700 мл млеко и млечни производи на ден – вели д-р Катерина Ставриќ, педијатар и имунолог.

Млекото и јогуртот се одличен извор на протеини, калциум и фосфор, кои се неопходни за формирањето на коските. Важно е во овој период да ги примаат овие состојки што ги има во јогуртот и млекото со цел да се стимулира развивањето на силни и здрави коски и мускулатура уште во најраниот раст.

– Децата продолжуваат со интензивен раст во втората и третата година, а потоа растот повторно се забрзува во периодот на пубертет. Создавањето на коските е процес кои интензивно се случува во периодот на раст и трае до 30-тата година од животот. Здрава балансирана исхрана ќе помогне во изградбата на цврсти коски уште од најрана возраст, но и да се одржуваат во текот на животот. Формирањето здрави коски подразбира координиран процес на создавање коскена основа која во главно е составена од колаген и други протеини, во која се вградуваат калциумот и фосфорот. Целиот овој процес на обезбедување и вградување на калциумот во коската е потпомогнат од витаминот Д. Со секојдневно внесување млеко и млечни производи во препорачани дози се обезбедуваат сите потребни хранливи материи за јаки коски и здрави заби. Калциумот во млекото е присутен во форма која лесно се апсорбира, а тој процес е потпомогнат од витаминот Д. Витаминот Д не е доволно присутен во исхраната и затоа треба да се внесува дополнително, особено во зимските месеци. Млека збогатени со витамин Д имаат двоен бенефит бидејќи се обезбедуваат потребните количини на витамин Д и истовремено тој ја подобрува ресорпцијата (искористливоста) на калциумот од млекото во цревата. Доколку не се внесува доволно калциум преку храна, организмот почнува да го користи калциумот од коските за да го одржува постојано нивото на калциум во крвта, кој е важен и за други функции на организмот. Со текот на времето коските омекнуваат и може да дојде до намалување на густината и цврстината на коските – додава д-р Ставриќ.

Младиот организам расте и постојано се развива, па затоа има зголемени потреби од неопходните нутритиенти. Овој континуиран раст и развој треба да се следи со секојдневно снабдување на доволни дози протеини, минерали и витамини, со кои ќе се обезбедат силни коски, здрави заби и јаки мускули кои ќе одговорат на физичката активност. Затоа, особено е корисно постоењето на млечните производи чиј состав е збогатен со витамини, како што е битолскиот јогурт со 10 витамини и битолско млеко со 10 витамини.

– Покрај витаминот Д кој ја подобрува искористливоста на калциумот од млекото и негово вградување во коските, и други витамини се важни за здрави коски, како што се витамин А, Б-витамини, витамин Ц и витамин К. Витамин А дејствува на клетките на коската кои се одговорни за вградување на калциумот, а и на клетките кои ја разградуваат коската. Затоа е потребно да се запазат препорачаните дневни количини на овој витамин за да се искористи неговиот бенефит за јаки коски. Б-витамините се кофактори на многубројни ензими во телото и се вклучени во метаболните процеси, меѓу другото, и во процесот на создавање и одржување здрави коски. Б2 е вклучен во клеточното размножување и активноста на коскениот ензим алкална фосфатаза. Б6, Б9 и Б12 се поврзуваат со активноста на коскените протеини и нивен недостиг може да доведе до намалено создавање и слаба структура на коските. Б12 влијае врз клетките што учествуваат во вградувањето на калциумот во коските и во активноста на алкалната фосфатаза и на тој начин обезбедува цврсти и здрави коски. Витаминот Ц е важен за формирање на колагенот, кој е основа на коската врз која се вградува калциумот и се обезбедува поголема густина на коската. Витаминот К2 исто така е вклучен како коензим во метаболизмот на коската – дополнува имунологот, педијатар Ставриќ.

Користа од внесување на млечните производи не може да се изолира само на поттикнување на правилниот развој на коските, туку исто влијание има и врз имунолошкиот систем, дигестивниот тракт, очите, кожата и слично. Млечните производи, пред сè, јогуртот и млекото со вака витамински збогатен состав, се корисни за правилен раст и за целосниот развој на младиот организам.



912

X