Речениците што родителите им ги кажуваат на своите деца често имаат поголемо влијание отколку што би помислиле, според психолозите, кои велат дека постои една фраза што децата претпочитаат да ја слушнат од своите родители.

Истражувањата покажале дека користењето на фразата „Горд/а сум на тебе“, која се смета за израз на родителска топлина, може да ја зголеми самодовербата на детето во сопствените способности. Токму високото ниво на самодоверба е корисно бидејќи на детето му дава чувство дека е ценета личност и дека е прифатено од другите.

Како што објаснуваат психолозите, децата често се плашат од неуспех и се грижат дали ќе ги разочараат своите родители. Затоа, родителите треба да се обидат да го користат изразот „Горд/а сум на тебе“ бидејќи тоа му дава до знаење на детето дека секогаш ќе ја има поддршката од родителите и во исто време ќе му даде самодоверба да експериментира со нови работи или предизвици.

Извор



912

X