Дури и децата може да страдаат од пречки во спиењето. Исхраната игра клучна улога, а некои намирници треба да се избегнуваат во вечерните часови. Спиењето е основен аспект од нашиот живот. Ни дозволува да си ги наполниме батериите и да се соочиме со деновите со одлучност и добар хумор. Од таа причина, пречките во спиењето може да бидат реален проблем. Не страдаат од него само возрасните, туку и децата имаат вакви проблеми. Причините и решенијата за подобрување на ситуацијата се различни, но исхраната игра многу важна улога. Која храна треба да се избегнува, а која да се консумира во вечерните часови?

Помеѓу 35 и 40 проценти се деца што страдаат од пречки во спиењето. Процент кој се зголемува во првата година од животот на новороденчето поради фреквентното хранење. Италијанското здружение за превенција и социјална педијатрија спровело студија и ги идентификувало намирниците што мајките треба да ги избегнуваат, како и храната која се препорачува за поттикнување на сонот.

Селекцијата на намирници треба да се послужи на децата за време на вечерата, генерално, по 17 часот. Чај, кофеин, чоколада, брокула, зеленчуци од репка и зреени сирења може да имаат возбудувачки ефекти. „Вината“ е во тираминот, присутен во овие намирници, кои предизвикуваат неуморност и го спречуваат сонот. Солта и сирењето генерално треба да се ограничат: предизвикуваат жед и затоа детето се буди во текот на ноќта за да ја задоволи потребата за жед. Зеленчуците како грав, зелка, брокула може да предизвикаат подуеност во стомакот. Месото и протеините треба да се избегнуваат во текот на вечерните оброци. Д-р Лео Вентурели, водич на студијата, изјавил:

– Вишокот протеини во исхраната може да предизвика жед: детето да уринира почесто за да ја елиминира уреата и ќе има попречен сон.

Тестенини, ориз и житарици се одлични. Супернамирници кои содржат триптофан, супстанција која го поддржува производството на серотонин, хормонот кој ја поттикнува смиреноста.

Па, што треба да зготви мајката за вечера за децата да спијат добро? Јогурт, мешункасти плодови, млеко, јачмен, бадеми, јаткасти плодови, ореви, кајсии, смокви, спанаќ, банани, пилешко и тиквички. Балансирана исхрана и оброци кои го олеснуваат сонот може да донесат придобивки не само за детето, туку и за целото семејство.

На крајот, за децата над една година, користењето чаеви од камилица, валеријана, лимон, глог, маточина и липа треба да се земе предвид. Ова се билки кои поттикнуваат релаксација и добар сон.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X