Здравје

Која е идеалната возраст да го родите првото бебе?

Биологијата е едно, а мислењето на експертите, кога ќе се земат предвид сите фактори, е друго. Кога е идеално време да го добиете вашето прво бебе?

Не постои универзално правило кога сите парови треба да го добијат своето прво дете. Сепак, она што е факт е дека има години кои се повеќе или помалку пожелни за породување.

Возраста по 40-та година е дефинитивно ризик, а експертите открија кои се најдобри години за раѓање деца.

Кога станува збор за биологијата, најдобри години за породување се раните дваесетти. Тогаш јајце-клетките се млади, а репродуктивните органи се на својот врв.

Сепак, експертите предупредуваат дека иако младите девојки се најподготвени тогаш, бременоста во тие години често е придружена со социјални тешкотии.

Имено, породувањето во раните дваесетти најчесто се случува кога младата двојка сè уште не е во брак и многу често го попречува продолжувањето на образованието, што се двете најчести причини поради кои паровите во раните дваесетти години не сакаат дете.

Кои се најдобрите години за да го имате вашето прво дете?

Најдобрите периоди за породување се всушност годините во кои жените имаат најголеми шанси да родат здраво дете.

Така, едно калифорниско истражување заклучува дека најдобрата возраст за прво породување е 26 години, бидејќи тогаш шансите да се роди дете со нарушување се најмали.

Друго истражување, пак, дошло до различни заклучоци и открило дека најдобра година за породување е 32-тата година. Третата студија покажа дека најдобрата година за породување, во однос на долгорочното здравје на мајките, е 31 година.

Но, доколку жената сака да има повеќе деца, своето прво дете треба да го роди пред 34-тата година, додека препораката е да заврши со породувањата пред 35-тата година. Ова е заклучокот од истражувањето спроведено од социологот Анџело Алонзо.

Студијата покажа дека жените што родиле по 35-тата години имале проблем со висок крвен притисок, високо ниво на гликоза во крвта, лоша општа здравствена состојба, што ги прави помалку мобилни подоцна во животот отколку жените што родиле пред 35 години.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top