Често ме трогнува реченицата: „Какви ти се мислите, таков ти е животот“. Ја кажуваат сите, ја банализираат и ја трошат. Од мислите до живот има уште најмалку 6 фази. Додека не го сфатив тоа, се мачев себеси.

Некако верував дека само треба да повторувам некоја мисла, како на пример: „Секој ден во секој поглед мене ми е сè подобро и подобро“ и дека така навистина ќе ми биде подобро. Се трудев, си ја кажував мислата секој ден… и така со месеци. И со месеци не се случи ништо.

Навистина почнав со мисли, тие мисли станаа зборови, цели, планови… зборовите потоа станaa дела, работење на планот, на целите, на достигнувањата… дејствијата што ги правев секој ден станаа навики… навиките го формираат мојот карактер, а го формираат и твојот.

Карактерот одредува каков живот ќе живеете.

Преточете ги вашите мисли во зборови. Потоа работете на тоа да ги остварите, повторувајте додека не влезат во вашата ДНК, додека не станат црти на вашиот карактер. Потоа опуштете се.

Можеби се прашувате а каде е поврзаноста со волците?

Да ја раскажам приказната за двајцата волци. Можеби не сте ја слушнале, па ако сакате, прочитајте ја:

Еден ден, еден дедо запалил оган и го седнал својот внук во скутот:

„Драго пиле дедино, во внатрешноста на секој човек се води голема борба.

Два волци се борат за победа.

Едниот е многу злобен, несреќен и лут. Тој е полн со завист, алчност, гнев и лаги… ужива да шири лаги, страв, омраза и љубомора“.

„Другиот волк е мирен, насмеан и среќен. Полн е со добрина и радост, благодарен е, весел, љубезен, искрен и срдечен. Секаде шири љубов, искреност и насмевка“.

Малиот внук Никола го погледнал со големи, чисти, љубопитни детски очи и го прашал:

„Дедо, а кој волк ќе победи?

„Оној што го храниш“.

Оваа скратена верзија ми помага да се запрашам, пред да направам нешто, пред да почнам нешто, да одам некаде… Секогаш се прашувам:

„Дали ова ми ги храни вредностите, дали ќе бидам подобар по тој разговор со некого, испиен пијалак со некого, поминат викенд, курс…дали ќе бидам подобар? Или тоа ги храни моите слабости? Ме враќа на старите патишта, ме води кон старите лоши навики?“

Ако волците малку ве исплашат и не знаете кој од нив да го нахраните, само запрашајте се:

Дали ги храниш вредностите или слабостите?

Среќен ден на сите што дишат, штом го можете тоа, можете уште многу.

„Џони“

Извор



912

X