Мислите дека е тешко да се справите со вашето 2-годишно дете? Според истражување спроведено од „OnePoll“, повеќето родители мислат дека тоа не е ништо во споредба со она што ве чека кога вашето дете ќе наполни осум години.

Имено, осумгодишно дете веќе има личност и став, а сепак сака да го заврши денот со гушкање и прегратки. На таа возраст детето почнува да се подготвува за пубертетот и промените што тој ги носи.

Осумгодишните деца можат да бидат тврдоглави, да ги удираат вратите и да превртуваат со очите додека се обидуваат да воспостават независност и индивидуалност. Домашната работа ја сметаат за мачење, а понекогаш дури и целосно ги игнорираат родителите.

Повеќето од 2.000 анкетирани родители се согласуваат дека воспитувањето е најтешко кај осумгодишниците.

Извор



912

X