Веројатно поминувате многу време размислувајќи за тоа како исхраната на вашето дете влијае врз неговото тело. Можеби внимателно го следите неговиот внес на калциум за да бидете сигурни дека неговите коски се развиваат како што треба, размислувате за внесот на витамин Ц, за да бидете сигурни дека детето има доволно силен имунолошки систем и можеби следите како различните оброци влијаат врз неговото ниво на енергија во текот на денот. Всушност, храната и пијалаците што ги консумираат децата не влијаат само врз нивните тела – туку се клучни и за нивното когнитивно здравје.

Ново истражување открива дека зашеќерените пијалаци може да ѝ наштетат на мозочна функција. Во студија чии резултати биле објавени во списанието „Nutrients“, научниците анкетирале околу 6.400 деца на возраст меѓу 6 и 12 години, прашувајќи ги колку често консумираат пијалаци богати со шеќер и колку сок пијат. Тие ги споредиле овие одговори со перформансите на децата на тестовите, а поголемото консумирање на зашеќерени пијалаци било поврзано со значително полоши резултати.

Горенаведените тестови ги мереле когнитивните вештини, како што се работната меморија и организациските способности, но вклучиле и мерки за тоа колку добро децата можат да ги контролираат своите емоции и однесување.

– Ова служи како одличен потсетник за родителите дека газираните пијалаци, енергетските пијалаци и зашеќерените сокови не треба да бидат примарни пијалаци што се нудат дома. Всушност, тие воопшто не треба да бидат достапни за деца под 12 години – објаснува диететичарот Мишел Баб.

Извор



912

X