Сигурно ви е познат моментот кога ве излудуваат децата, па ќе ви се смачи и ви доаѓа да им кажете секакви работи. Една од првите фрази што ви паѓа напамет е: „Срам да ти е“ или „Не ти е срам?“

Никогаш не добиваме упатство за одгледување на децата, но ако го добиеме, сигурно дека упатствата за засрамување на децата ќе бидат означени со црвени букви. Засрамувањето не е добра опција бидејќи им ги одзема слободата и достоинството. Она што често го забораваме е дека нашите деца се луѓе и немаме право да ги омаловажуваме и посрамотиме. Затоа е важно да ги знаете последиците од засрамувањето на детето.

Воспитувањето засновано на моќ и авторитет не е добро на долг рок. Можеби ќе ви се чини дека е ефективно во моментот бидејќи детето ќе попушти и ќе направи како што велите вие. Но, вистината е дека ништо не научило и на тој начин не го учите на никакви вредности. Освен тоа, засрамувањето ќе резултира со бунт, бес и потреба за одмазда.

Вашето дете ќе ги засрамува другите.
Родителите се првиот и најважниот модел на детето, па ако го засрамите детето, ќе му дадете до знаење дека е во ред да ги посрамотува другите. Срамот ќе стане основа на врската.

Срамот ја уништува вашата врска. Кога секојдневно го критикувате или му викате на детето, ја уништувате неговата доверба во вас и создавате емотивни рани. Вашето дете нема да ве гледа како сојузник или некој на кому може да му се довери, туку како извор на болка.

Срамот ја уништува самодовербата на детето. Со овие постапки можете само да поттикнете негативни чувства за себе кај вашето дете. Така, детето ќе се чувствува неспособно, безвредно и недостојно за ништо. Ваквите ситуации може да го парализираат, па може да развие анксиозност или депресија.

Зборовите што ги користите за да засрамите дете се како пророштво што ќе се оствари. Ако постојано му кажувате на вашето дете дека е глупаво, поголема е веројатноста да добие лоши оценки. Ако му кажете дека е несмасно, нема лесно да се опушти и да се препушти на спорт. Работите што му ги кажувате на детето го програмираат неговиот мозок. Ако му кажете дека не знае ништо да прави како што треба, едноставно ќе престане да се обидува.

За да може да порасне во здраво и среќно дете, мора да ја има вашата почит. Секако, важно е да има граници и правила, но доколку детето ги прекрши, тие треба да се коригираат со љубов и смирено.

Не е секогаш лесно, но кој рекол дека родителството е лесно?

Извор



912

X