Експертите од Медицинскиот центар на Универзитетот „Еразмус“ во Холандија дошле до математичка формула со која идните родители можат да одредат кога да почнат да работат на проширување на семејството, а сѐ зависи од тоа колку деца сакаат да имаат.

Тие се воделе од тоа дека возраста на жената има најголемо влијание врз способноста за зачнување, а плодноста почнува да опаѓа околу 30-тата година, додека по 35-тата година има нагло опаѓање. Што се однесува до мажите, кај нив ситуацијата е нешто поинаква, имено, нивната плодност се намалува меѓу 40 и 45 години.

За едно дете

За да имаат едно дете, жените можат да чекаат до 41 година, се вели во студијата. Но, авторите истакнуваат дека на оваа возраст шансите на жената да забремени се само 50 проценти. Околу 84 проценти од паровите ќе имаат бебе во рок од една година ако практикуваат незаштитен секс (се смета за редовен два до три пати неделно). Жените на 32-годишна возраст имаат најголеми шанси, дури 90 отсто, брзо да забременат, додека оние на 37-годишна возраст имаат 75 отсто шанси да забременат во текот на една година.

За две деца

Ако сакате две деца, најдобро е да планирате да забремените на 27 години, бидејќи тогаш вашите шанси се и до 90 проценти. На 34 години процентот паѓа на 75 отсто, а од 38 на 50 отсто.

За три деца

Ако сакате три деца, според оваа студија, треба да почнете да се обидувате на 23 години. Ако ви се чини малку рано, не грижете се, ако започнете многу подоцна, на 31 година, имате 75 отсто шанси да ја исполните вашата желба. Но, по 35 години процентот паѓа на 50.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X