Често се води дебата за тоа кога е најдобро да забремените и да имате деца. Многу жени ја одложуваат бременоста поради различни причини, на пример, да имаат безгрижен живот, развој на кариерата или патувања со сопружникот. Сите овие причини се контрадикторни на теориите што тврдат дека е најдобро да имаш дете во 20-тите години.
Сепак, овие теории се менуваат и еволуираат.

Кој е идеалниот период?

Спротивно на вообичаеното мислење, истражувањето што го спровел д-р Џон Мировски, социолог на Универзитетот во Тексас, открило дека совршениот период за бременост е кога жената има околу 34 години.

Ова се фактите:
Експертот за женското здравје вели дека е идеално жената да забремени околу 34. или 35. година бидејќи кога жените се во своите 20-те години, имаат шанси да заболат од разни болести. Кога жената е на 34-годишна возраст, нејзиното тело е во најдобра состојба и е здраво за да забремени.

Мировски, исто така, истакна дека жените треба да бидат внимателни со бременоста кога се во своите доцни 30-ти години. Како што старее женското тело, така развива ризик од разни болести и компликации на репродуктивниот систем.

И други психолози се согласуваат со теоријата на д-р Мировски – жените што се на возраст од околу 34 години се наоѓаат главно во стабилна врска со својот партнер, имаат доволно енергија и витални се, имаат постигнато одредено ниво на професионална кариера и доволно се зрели за одгледување друга личност. Сите овие искуства покажуваат дека средината на 30-тите години е идеална за бременост.



912

X