Ако вашето бебе е родено помеѓу 23 септември и 22 октомври, тогаш тоа е вага во хороскоп, која се карактеризира со голема дружељубивост, посебно чувство за музика, но и неодлучност. Ова се нивните главни карактеристики:

Вагата постојано нешто одмерува, па немојте да се чудите ако вашето дете долго размислува дали да земе јаболко или банана од чинијата, бидејќи ги сака и двете. Иако му треба време да одлучи, не брзајте го, поддржете го и дајте му доволно време да донесе одлука, во спротивно вашата мала вага ќе биде многу лута и незадоволна.

Весела природа

Вагите имаат вродена смисла за хумор и се многу социјални личности, па уште од мали привлекуваат големо внимание и уживаат во тоа. Ваша задача е да ја научите малата вага дека светот не се врти околу неа и дека понекогаш другите деца треба да бидат во центарот на вниманието.

Не сакаат конфликти

Вагите тактизираат и се родени дипломати. Тие имаат неверојатна способност да ги согледаат туѓите перспективи, додека остануваат неутрални, не заземајќи ничија страна во конфликт. Тие повеќе би сакале да решат сè. Затоа, немојте да се изненадите ако вашето дете во дневен престој ги теши своите другарчиња кога се караат за мечиња или автомобили-играчки.

Естетиката им е приоритет

Вашата вага има чувство за убавина, а тоа ќе го забележите веднаш штом детето ќе успее само да се облече. Една од причините за доцнењето е потребата да ги задоволи своите естетски стандарди во облеката, кои се многу високи. Изборот на тоалети за секоја пригода препуштете му го на вашето дете, инаку може да имате проблеми со честите изливи на бес. Ако нешто може да ја исфрли вагата од такт, тоа е она што таа го смета за грдо или несоодветно.

Сакаат музика

Вагите се почувствителни на музика од другите хороскопски знаци и таа може да им го подреди расположението. Користете ја музиката кога вашето дете е тажно или луто, кога не може да се смири, па пуштете ја музиката што му се допаѓа и развеселете го. Како што ќе расте, постои голема веројатност дека ќе сака да научи некој инструмент, па трудете се да ја препознаете желбата за да можете да ја насочите.

Никогаш на „ти“ со времето

За вагите, времето е релативен поим, секогаш го имаат во изобилство. Ако доцнат, тоа не им пречи премногу. Вооружете се со трпение кога вашето дете ќе тргне на училиште бидејќи ќе потрошите многу сила и енергија за да се оправдате зошто толку доцни.

Не ја сакаат осаменоста

Причината зошто вагите се друштвени е тоа што не сакаат да бидат сами. Затоа вашата мала вага ќе го запознае секое дете во паркот. Сепак, бидете внимателни бидејќи нивната дружељубивост подразбира дека му приоѓаат на секој странец, што понекогаш може да биде опасно.

Зборливи од мали нозе

Вагите имаат потреба да ја вербализираат секоја своја мисла. Детето ќе зборува брзо, а потоа ќе стане маестро во составувањето реченици и фрази. Оставете го да зборува, не замолчувајте го бидејќи на тој начин ја задушувате неговата креативност и го блокирате неговиот емотивен развој.

Извор



912

X