Породилното отсуство е една од најголемите грижи на идните мајки или оние што планираат да основаат семејство. Иако многу земји веќе започнаа со усвојување закони во корист на родителите со цел да се спречи националното стареење, обемот на отсуството по раѓањето на бебето се движи од само една недела до дури 58 недели, според „Ворлд популејшн ривју“. Меѓутоа, колку и дали воопшто ќе се исплати тој период на отсуство, исто така, зависи од земја до земја.

Еден од најдобрите примери за тоа како изгледа породилното боледување го дава една земја лоцирана во наша близина – Бугарија.

Бугарските закони им нудат на новите родители неверојатни 410 дена платено породилно отсуство. Бугарското породилно отсуство покрива 90 отсто од платата на работникот преку социјално осигурување.

Покрај тоа, по 410 дена додека детето не наполни две години, вработениот има право на месечен надоместок, исплаќан од социјалното осигурување, во висина на минималната месечна плата.

Исто така, татковците имаат можност за платено отсуство од 15 дена од денот на излегувањето на бебето од болница, кое го плаќа и националното осигурување, а кое може да се продолжи до два месеца.

„Ворлд популејшн ривју“ веќе ја обнови листата за 2024 година, земајќи ги предвид сите фактори, па по Бугарија, Грција е втора на листата, Велика Британија е трета, Словачка е четврта, а Хрватска е на петто место.

Кога станува збор за нашата земја, мајката има право на породилно отсуство во траење од 9 месеци, односно 273 дена непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) ѝ следува платено отсуство во период од 15 месеци.

Извор



912

X