Универзална вистина е дека децата ги прават најлудите работи – постојано. И не само тоа, туку и кога ќе ги прашате зошто, тие само ќе ги кренат рамената и ќе речат: „Не знам“.

Потребно е да помине време за децата да пораснат и да не се обидуваат да направат сè што им паѓа на ум. А пред да се случи тоа, родителите се трудат да ги документираат сите нивни лудости. Инаку другите луѓе не би им верувале какви бесмислици бараат децата од нив.

Некои мајки и татковци ги споделуваат нивните фотографии на кои се покажува „детската логика“, иако голем дел од луѓето не ја сфаќаат.

Мојот 2-годишен син инсистираше да биде „панталони“ за Ноќта на вештерките.
За да ги избегнам родовите стереотипи, ѝ дадов на ќерка ми мешавина од кукли и автомобили за да си игра. Ова се случи.
Ја прашав сестра ми дали мојот внук уживаше во свадбата. Ми ја испрати оваа фотографија.
Го изгубив моето дете во „Таргет“. Тука го најдов.
Имагинација ниво 100. Мојата 2-годишна ќерка нацрта перница со креда и потоа си легна на неа за попладневна дремка.
Вака спие мојот син. Можеби е бесмртен.
Мојата 4-годишна ќерка гледаше нешто на таблетот што ја исплаши, па се врати со кацига.

Извор



912

X