Блогерката Естер Андерсон споделила инспиративна приказна за мајчинството на својата фејсбук-страница како потсетник дека иако често сме зафатени и мислиме дека не сме доволно добри родители, нашите деца се чувствуваат пријатно и сигурно во нашата прегратка.

И знаете што? Тоа е единственото нешто што е важно.

Естер објавила фотографија која ја направила нејзината ќерка Елија. На фотографијата таа го храни своето бебе во, на сите нас познатиот, хаос во дневната соба. Иако собата не е подготвена за фотографирање, тоа е релативен поим, бидејќи и таквиот хаотичен, помалку неуреден простор, е оној во кој го живееш својот живот, можеби несовршен, но животот кој го сакаш.

Под фотографијата напишала:

– Бебето беше немирно, девојчињата се тепаа, а јас цело утро се обидував да ги исперам алиштата, да ја средам куќата и всушност не стигнав да направам ништо. Така им го дадов мојот телефон на девојчињата да си играат, а ќерка ми Елија ја направи оваа фотографија, ме погледна и ми рече: Ти си всушност добра мајка. Тогаш се насмеав размислувајќи за утринскиот хаос и своето расположение на „фрустрирана“ мајка, дека всушност сакав да им се развикам, но сепак не го сторив тоа и ги оставив да се истепаат.

Ја најдов оваа фотографија подоцна на мојот телефон и сфатив дека спомените што еден ден ќе ги имаат нашите деца нема да бидат за тоа колку е куќата неуредна и колку малку облека е наместена во фиоките, туку ќе се сеќаваат на моментите што сме ги поминале со нив (исто така, обидете се да не им викате на децата).

„Знаеш што? ТИ БЛАГОДАРАМ НА ОВАА ФОТОГРАФИЈА“, коментирала една мајка. „Понекогаш се вознемирувам кога ќе видам мајки кои објавуваат фотографии од своите убави бебиња со совршено чисти и уредни куќи“, „Неодамна налетав на пријателка, а откако ми кажа за нејзината успешна кариера, мојата 4-годишна ќерка ме слушна како објаснувам дека моментално не работам, дека сум имала среќа и сум останала дома со децата. Кога се вратив во автомобилот, ми рече – Мамо, дали знаеше дека моментално имаш работа?“

Извор



912

X