Игротека

Кога треба да им ја кажете вистината за Дедо Мраз на децата

Да се гледаат насмеаните лица на децата при отворањето на подароците за новогодишните и божиќните празници е еден од најубавите моменти. Но, психолог открил кога е најдобро децата да ја дознаат вистината за Дедо Мраз.

Па така, без разлика дали на Бадник на маса ги оставате бисквитите и шолјата млеко за Дедо Мраз или сепак не одите толку далеку, психолог советува на малите деца што веруваат во Дедо Мраз да не им го одземате тоа прерано.

Според детскиот психолог д-р Џастин Колсон, подобро е да се сруши илузијата што подоцна. „Баш како и сите други таинствени работи, и Дедо Мраз често се споменува меѓу возрасните“, вели д-р Колсон и додава дека ако ние го преиспитуваме неговото постоење, зошто и децата да не го прават истото.

Кога да се открие вистината?

Многу родители одложуваат да им кажат на децата кој навистина им ги дава подароците за празниците, но психологот има едноставен совет:

– Ако се доволно возрасни и љубопитни да испитуваат, тогаш се доволно возрасни да ја знаат вистината. Оставете ги да веруваат сè додека не бидат доволно возрасни и љубопитни за самите да ја дознаат вистината.

Понекогаш, вели психологот, добро е на децата да им се напомене критички да размислат за она во што се сомневаат. Прашајте ги дали мислат оти е можно некој целиот свет да го помине во една ноќ, со вреќа полна со подароци во санка која ја влечат ирваси. Порано или подоцна, детето самото ќе каже дека не верува во Дедо Мраз. А кога ќе почнат таквите отворени изјави, прашања и сомнежи, најдобро е да се биде искрен, смета д-р Кулсон, па напоменува дека децата тогаш би требало да бидат предупредени дека има и деца што сè уште веруваат во него и не треба тоа да им го уништат.

– Предупредете го детето дека некои други родители можеби сè уште не им ја откриваат големата вистина на децата, па нека остане тајна која ја знаат возрасните и само некои деца – советува психологот.

Автор: Клер Хабл

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top