Дали планирате семејство во блиска иднина? Еве ви практичен совет што можеби не го очекувавте: Одете во сала за вежбање! Истражувачите од Медицинскиот колеџ во Охајо откриле дека татковците што вежбале имале деца со подобар метаболизам кој се пренесува и во повозрасна доба. Резултатите се објавени во списанието „Диабетис“.
Истражувачите направиле две диети кои ги тестирале на возрасни мажјаци-глувци; едната со нормална исхрана, а другата со висок степен на масти во период од три недели. Дел од глувците од двете групи ги фиксирале да не бидат физички активни, а некои ги оставиле да бидат во движење. По три недели глувците се размножиле, а нивните потомци јаделе нормална исхрана во физички неактивни услови во времетраење од една година.
Подоцна истражувачите откриле дека глувците чии татковци биле физички активни покажале подобрување на метаболизмот на гликозата, намалена телесна тежина и помалку масна маса.
Потомците чии татковци јаделе високо масна храна имале полош метаболизам и повисока нетолеранција на гликоза. Водечкиот студиски автор Кристин Стенфорд изјавил:
– Кога таткото вежбаше, дури и при високо масна диета, видовме подобрување на метаболичкото здравје кај неговите возрасни потомци… Ние направивме мала РНК-секвенција и видовме неколку класи на помала РНК кои беа изменети како одговор на вежбањето. Со тоа се отстранија последиците од лошата исхрана на таткото.
Oчигледно овие истражувања се однесуваат на глувци, но останува да се види како резултатите би се одразиле врз луѓето; веќе знаеме дека дебелината кај машката популација го нарушува нивото на тестостерон, бројот на сперматозоиди и го намалува бројот на родени деца, па затоа ова истражување е релевантно и не е изненадувачко. Лори Гудиер, коавтор на студијата, за медиумите изјави:
– Врз основа на двете студии утврдивме дека ако и двајцата родители вежбаат, поголем е ефектот за подобрување на метаболизмот и целокупното здравје на потомството.
Кога се воспоставува навика за доживотно вежбање, важно е да уживате во тоа што го правите. Но, ако подобрувањето на здравјето на вашите идни деца е мотивација да почнете да вежбате, тогаш направете го тоа. Одете во локалната фитнес-сала, купете велосипед или почнете со пливање. Ако ова не е инспирација за да почнете со вежбање, не знам што е.