Иако се плашеше дека ќе биде отфрлена поради новиот живот и обврски, на Даниела Кампоамор ѝ се случило сосема спротивното кога станала првата мајка во друштвото. Прочитајте го нејзиното искуство:

Од сите пријателки во друштвото, јас бев првата што остана бремена. Добро, технички бев втората, но таа пријателка со бебе живееше на пет часа оддалеченост од нас, така што јас се чувствував како првата и единствената мајка во друштвото.

Понекогаш тоа ми изгледаше застрашувачки. Се плашев дека ќе бидам отфрлена, оставена или на кој било начин игнорирана бидејќи го направив тој чекор. Но, се случи спротивното. Моите пријателки трчаа околу мене како околу принцеза, можев да уживам во тие предности што ги имаш кога си единствената личност во групата со дете.

Секако, има и многу добри работи што ги учам од други мајки и проблеми што ги делам со нив. Едноставно, постојат моменти во животот кои моите пријатели без деца не можат да ги разберат, што не е нивна вина. Исто така, потребна ми е некоја мајка која би ме разбрала, за да можам да почувствувам дека не сум сама во целиот тој процес. Секако, кога сте први, сите трчаат околу вас, а нивната огромна возбуда навистина ми одговара. Иако некогаш може да се почувствувате осамени и изолирани, постојат одлични предности кога си првата мајка во друштвото.

Сите сакаат да го чуваат бебето

Нема причина да плаќате дадилка. Вашите пријатели ќе бидат пресреќни и возбудени од идејата да го чуваат бебето. Немаат свои деца, па неколкуте часа поминати со бебето за нив се вистинско доживување. Уживаат во улогите на тетки, го чуваат бебето, а потоа се враќаат дома, во својата куќа и на својот мирен сон.

Многубројни подароци за бебето

Добивам многу подароци! Нови играчки, книги, облека. Постојано добивам некои ситници на кои случајно наишле моите пријателки и едноставно морале да му ги подарат на моето дете.

Сите мислат дека сте супержена

Луѓето без деца немаат претстава колку е тешко да се биде родител и затоа ќе им се чини како да имате  „супермоќи“.

Сите се екстремно симпатични

Имате тежок родителски ден? Едноставно ѝ се јавувате на пријателката без деца. Нема да може да разбере на начин на кој една мајка би разбрала, но баш поради тоа нема да има потреба да го спореди вашиот ден со нејзиниот. Вашата пријателка навистина ќе ве сослуша и ќе има повеќе емпатија од другите родители.

Вашето бебе е во центарот на вниманието

Сите ќе сакаат да го носат и да го бакнуваат вашето бебе, да го гледаат и, се разбира, да се фотографираат со него. Вашето бебе е славна личност! Редовно ќе чувствува љубов, а на тој начин и вие.

Сите ќе ги разберат вашите изговори

Запомнете, вашите пријатели немаат поим колку може да биде тешко родителството. Па така, кога ќе го искористите бебето како изговор да пропуштите некоја забава или собир, нема да ви досадуваат со дополнителни објаснувања и молби. Едноставно ќе прифатат.



912

X