Кога сето ова ќе заврши, ќе одиме на твоето омилено игралиште, дете мое. Ќе останеме таму до зајдисонце и јас ќе те лулам на твојата омилена лулашка. Или ќе те учам како да вежбаш со нозете, како што учеше пред да почне оваа пандемија и ќе гледам како твоето лице се осветлува од радост и возбуда додека се лулаш нагоре во воздухот. Како блескаш од воодушевување што си толку високо и што леташ.

Кога сето ова ќе заврши, ќе ги посетиме баба и дедо. Ќе ги прегрнеме многу силно и ќе им кажеме колку ни недостигаа. Сите ќе се седнеме на мекиот кауч кај баба и нема да седиме одвоени на 2 метра, па ќе ѝ ги кажуваме шегите што ги научивме. Многу ќе смее.

Кога сето ова ќе заврши, ќе ја тргнеме маската со која го прекриваме лицето кога излегуваме надвор. Маската која нè стега, бидејќи тоа значи безбедно и бидејќи не сакаме да ни се откачи кога ќе бидеме опколени со непознати луѓе.

Кога сето ова ќе заврши, ќе најмиме дадилка. На мама и тато им е потребен состанок, да одат заедно на кино. Нема да се задржиме многу, три-четири часа најмногу, а кога ќе дојдеме дома, ќе провериме дали спиеш. Ќе те бакнеме во челото пред и ние да одиме на спиење.

Кога сето ова ќе заврши, ќе ги посетиме твоите братучеди, дете мое. Ќе играме со нив криенка и ќе направиме торта. Нема да биде ничиј роденден, но ќе имаме чувство дека е прослава бидејќи ќе направиме голема забава. Кога сето ова ќе заврши, ќе ги поканиме твоите пријатели кај нас дома за да си играте заедно. Колку што сакате. Куќата ќе биде исполнета со детска смеа и ќе биде хаотична – ужината ќе паѓа на земја, па можеби ќе има караница околу играчките, но сето тоа ќе го решиме, бидејќи сите на крајот од денот ќе бидат изморени, но и среќни.

Кога сето ова ќе заврши, мама и тато ќе ги видат своите пријатели. Ќе ги поканиме кај нас да гледаме заедно филм, или да одиме на вечера во ресторан, па ќе кажуваме приказни што ќе ти бидат здодевни. Ќе слушаш возрасни лица како се смеат прегласно и можеби ќе сакаш да си ги покриеш ушите. Или ќе се смееш бидејќи нема да знаеш со сигурност што значи шегата.

Кога сето ова ќе заврши, ќе им се насмевнуваме на непознати луѓе чии лица нема да бидат покриени кога ќе шетаме по улица. Ќе им мавнеме на соседите и ќе продолжиме со нашите ноќни прошетки бидејќи ти навистина ги сакаш.

Кога сето ова ќе заврши, ќе ѝ кажеш „добар ден“ на твојата учителка. Ќе ѝ се заблагодариме за сето она што го направи за нас и ќе ѝ ги покажеме цртежите што ги направи за да знае дека мислеше на неа.

Кога сето ова ќе заврши, ќе направиме забави за танцување. Ќе имаме викенди без планови и ќе одлучиме да останеме дома, ако така сакаме. Бидејќи, овој период, ако ништо друго, нè научи дека е во ред да се забави. Во ред е да се нема планови. Кога сето ова ќе заврши, ќе одиме на патување. Кога авионите ќе бидат безбедни, ќе летаме некаде каде што не сме биле, или ќе патуваме со автомобил и ќе јадеме храна која никогаш не сме ја пробале и ќе гледаме архитектура која никогаш не сме ја виделе. Ќе се фотографираме и ќе се воодушевуваме од новите места.

Кога сето ова ќе заврши, домот сè уште ќе ни дава чувство на сигурност. Тоа никогаш нема да се промени, дете мое. Дури и со истражувањето кое ќе ни претстои, секогаш ќе имаме место во кое ќе се враќаме и ќе ни дава чувство на смиреност и хармонија. Ние сме толку среќни. Кога сето ова ќе заврши, времето може повторно да се забрза. Ќе имаме моменти кога ќе бидеме разделени, но тие моменти ќе предизвикаат периодите кога сме заедно да ни бидат уште подраги. Ќе учиш и ќе растеш без мене секој ден, но јас и го сакам и не го сакам тоа истовремено.

Кога сето ова ќе заврши, овој период во кој сме сега ќе ни изгледа како сон. Може ќе речеш: „Дали навистина се случи тоа или само го измислив?“ А јас ќе ти кажам: „Да, навистина се случи“. Но, ќе те потсетам и дека е готово и дека поминавме низ тоа заедно.

Автор: Карел Роксас

Извор



912

X