Според програмата за неработни денови што ја објави Министерството за труд и социјална политика, годинава голем дел од празниците се паѓаат во денови што се спојуваат со викендите. Ова е листата за следните празници и неработни денови оваа година:

За сите граѓани

• 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 1 мај (петок), Ден на трудот,

• 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,

• 24 мај (недела), Рамазан-бајрам, првиот ден на Рамазан-бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,

• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден,

• 8 септември (вторник), Ден на независноста,

• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,

• 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба,

• 8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,

• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),

• 17 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,

• 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден Велигден,

• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,

• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 31 јули (петок), Курбан-бајрам, првиот ден на Курбан-бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница

• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (понеделник), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница

• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница

• 9 октомври (петок), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница

• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.



912

X