Дебелината кај децата е во пораст во повеќето делови на светот, а причините за тоа се различни – меѓу другото, постои недостиг на физичка активност и многу е лесна достапноста до брза храна. Експертите редовно предупредуваат на ова наведувајќи дека дебелината има многу негативно влијание врз здравјето на децата, а професорот Александар Аметов, раководител на одделот за ендокринологија на Руската медицинска академија, открива која возраст на децата е најкритична кога станува збор за развојот на дебелината – што може да биде изненадување.

-Метаболичкото програмирање на сите функции, органи и системи започнува многу порано: додека бебето е во утробата. Затоа, идните мајки треба да ја планираат својата бременост, да се грижат за своето здравје и исхрана за време на бременоста. Истражувањата покажаа дека децата родени со прекумерна тежина (со тежина од повеќе од 4,5 килограми) или со недоволна тежина (помалку од 2,5 килограми) имаат седум до десет пати поголем ризик од дебелеење. Дебелината, од друга страна, придонесува за развој на кардиоваскуларни и онколошки заболувања, дијабетес тип 2, артроза. тромбоза, гихт, неплодност… – вели докторот.

Докторот дополнително нагласува дека дебелината предизвикува бавно системско хронично воспаление, кое е поврзано со микро и макроваскуларни компликации како што е дијабетес мелитус.
Веќе знаевме дека исхраната во бременоста е многу важна за здравјето и на мајката и на бебето, а зборовите на докторот се дополнителна причина за тоа.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор



912

X