Воспитување

Кога сè ќе отиде по ѓаволите, тука е семејството

Не можете да ги избирате, не можете ни да ги смените, но од сите луѓе на планетава, тие најдобро ве познаваат. Тоа се луѓето што внимаваат на вас, а и вие на нив – тоа е вашето семејство.

Иако понекогаш го забораваме тоа, семејството е најважната работа на светот. Тоа може да значи вашата мајка, татко, браќа или сестри, сопруг или сопруга… не е важно како ги викаме, станува збор за луѓето кон кои чувствуваме безусловна љубов.
Секако, семејните односи не се секогаш како во бајките, понекогаш се многу комплицирани и тешки, но затоа и врските што ги градиме со членовите на семејството се поцврсти.

Прочитајте неколку цитати за семејството:

– Мајчината љубов кон детето е поинаква од сè друго на светот. На знае за воодушевување, за сожалување, предизвикува сè и немилосрдно гази сè што ќе ѝ се најде на патот – Агата Кристи.
– Можете да ги бакнете членовите на своето семејство и пријателите во знак на поздрав, може да ве разделуваат километри, но истовремено ги носите во своето срце, мисли, стомак, зашто не живеете само вие во светот, туку и светот живее во вас – Фредерик Бучнер.
– Кога бев дете, на 14 години, мојот татко беше толкав незнајко што едвај можев да поднесам да бидам во негова близина. Кога наполнив 21 година, се вџашив колку научил за 7 години – Марк Твен.
– Ниеден човек не живеел доволно долго за да му здосади благодарноста од децата или љубовта од жената – Вилијам Батлер Јејтс.
– Семејството е најважната работа на светот – принцезата Дијана.
– На крајот од денот, во семејство во кое има љубов, се може да се прости – Марк Олсен.
– Не постои нешто што може да те полуди како семејството. Или да те направи толку среќен. Или вознемирен. Или… посигурен – Џим Бучер.
– Браќа/сестри, деца од исти родители од кои секое е совршено нормално, се додека не се заедно – Сем Левенсон.
– Семејството значи дека никој никогаш не е заборавен – Дејвид Огден Стајерс.
– Човекот патува по светот барајќи го тоа што му треба, а потоа се враќа дома за да го најде – Џорџ Мур.
– Кога се ќе отиде по ѓаволите, луѓето што остануваат покрај вас – тоа е вашето семејство – Џим Бучер.
– Еден ден ќе правиш за мене работи што ги мразиш. Тоа значи да се биде семејство – Џонатан Фор.
– Семејството ен е најважната работа. Семејството е сè – Мајкл Фокс.
– Што можете да направите за мир во светот? Одете дома и сакајте го своето семејство – Мајка Тереза.

Поврзани написи

To top