Работењето од дома додека имате бебе или малечко дете може да изгледа смешно кога ги гледате стотиците вирални видеа од деца што ги прекинуваат работните состаноци на своите родители за време на пандемијата. Но, во реалноста, овие моменти се навистина стресни за родителите, а една таква објава покажува зошто треба да се биде свесен за тоа.

Карли Буш, заменик-претседателка на „HR Service Delivery“, споделила објава во која ги објаснила деталите од интервјуто што го реализирала преку видео со една кандидатка. Напишала: „Првата работа што кандидатката ја кажа беше да ѝ простам бидејќи има мало дете кое спие и се надева дека така ќе остане, но не се случи тоа“.

Како што продолжиле со интервјуто, Буш рекла дека може да забележи оти кандидатката е нервозна или како што вели  – дека нејзините очи како да се насочуваат кон подот и можеше да се почувствува дека нејзиното малечко си ја бара мајка си. Неколку минути по интервјуто, Буш рекла дека се чувствувала лошо бидејќи знаела дека детето сакало да биде во прегратките на мајка си. Па напишала: „Застанав и ја охрабрив да се погрижи за бебето. Можев да видам олеснување на нејзиното лице. Продолжив да прашувам за бебето и побарав да го видам на камера. Тоа беше прекрасно девојче. Зборувавме за нејзиното семејство, за миленичињата, за градот каде што неодамна се преселиле. Ѝ реков дека сум среќна што може да продолжиме со интервјуто со детето во нејзиниот скут и така направивме. Остатокот од интервјуто помина добро и таа доби одлична работа“.

Буш препознала дека кандидатката била загрижена, па направила да ѝ биде полесно. Со зборувањето за нејзиниот живот, го прифатила фактот дека и кандидатката е човек кој има свој живот и надвор од работата.

„Чувствував дека треба да го споделам ова како потсетник за другите работодавци – да се сфати колку е важно да се препознаат борбите што ги водат луѓето и дека треба да имаме разбирање. Љубезноста може да направи голема разлика!“

фотоизвор: mother.ly

Многу родители се препознале во сето ова. „Барав работа, ме интервјуираа од 2 компании на еден ден разлика. Една компанија ми понуди атрактивна плата и ме праша дали ќе имам деца во своите раце ако имаме видеосостаноци. Другата компанија ми понуди плата која беше малку пониска од првата и се насмевнаа кога моето бебе се разбуди среде интервјуто и ми рекоа дека можам да се погрижам за детето ако му требам. Погодете која компанија ја избрав. Во свет каде што можете да бидете сè, бидете љубезни и полни со разбирање“ – е само еден од низата коментари.

фотоизвор: LinkedIn

 

Мали гестови на љубезност прават голема разлика, особено за родителите.

Автор: Џо Јуркаба

Извор



912

X