Пцуењето понекогаш го применуваме сите, а некои од нас дури и малку почесто.

Децата се сунѓери и апсорбираат сè, особено кога се обидуваме да го спречиме тоа. Така, понекогаш може да се слушне сочна пцост и од мало дете што оди во градинка. Детето сигурно го слушнало тоа од постарите членови на семејството и најверојатно како израз на љубов, сладост, зезање или слично. А тоа невино пцуење не е голем проблем, бидејќи штом престане да биде интересно, луѓето ќе престанат и да зборуваат за тоа.

Проблемот се оние што се малку постари, на кои пцуењето им значи истото што и нам. А тоа е израз на навреда, незгода, непримерност, како простор за пополнување во реченицата. Тогаш е проблем затоа што се знае – децата треба да се учат на јазичното богатство и искажувањето на непријатните чувства на прифатлив начин.
Не е пријатно да се слушне тоа и не е забавно, а не е ниту смешно. Но, дали се прашувате како точно да реагирате? Еве како.

-Смирете се пред да реагирате. Не сакате да обрнувате премногу внимание на несаканото однесување, нели?
-Прашајте зошто. Кога ќе се смирите, обидете се да го прашате детето нешто како: Како се чувствуваше кога го кажа тоа?
-Решете го проблемот заедно. „Како можеш да кажеш поинаку? Кои зборови покажуваат гнев? Што би рекол/а кога би биле на училиште?“

Вие сте тука за да им ги дадете алатките на децата, за да се справуваат во различни ситуации и со различни чувства.
-Истакнете што е прифатливо. Ако е упатен лош збор кон некого, јасно објаснете дека тоа не е прифатливо. Наречете го напад и посочете дека никогаш не треба да се напаѓаат другите. Но, посочете дека луѓето прават грешки и се извинуваат.
-Поттикнете разбирање. Прашајте го детето како мисли дека се чувствувала личноста кон која е упатен зборот, како би се чувствувало и самото дете ако некој нему му ги упати тие зборови. Ако покажува емпатија, пофалете го.
-Бидете конкретни. Децата не разбираат лесно иронија, сарказам, не читаат меѓу редови. Ама разбираат добро/лошо, да/не.

Едноставно кажано: возрасните понекогаш пцујат – тоа го прават дома, не во продавница, не на гости, не на лекар.

И, во секој случај, не пцујте пред децата!

Извор



912

X