Кога повторно би можела да го одгледувам моето дете, повеќе би боела со прстите, а помалку би покажувала со прстот.
Помалку би го поправала, а повеќе врски со него би воспоставувала.
Би го тргнала погледот од часовникот, а повеќе би фрлала поглед на него.
Би се погрижила помалку да знам, а повеќе да ми е грижа.
Би одела на повеќе излети и би пуштала повеќе летала.
Би престанала да се правам сериозна и сериозно би си играла.
Би трчала низ повеќе полиња и би гледала во повеќе ѕвезди.
Повеќе би го прегрнувала, а помалку влечела.
Поретко би била строга, а многу повеќе би му признавала.
Најпрво би му ја градела самодовербата, а подоцна куќата.
Помалку би го учела на љубов кон моќта, а повеќе за моќта на љубовта.
Автор: Диане Ломанс