Веројатно се прашувате кога ќе дојде денот да ги оставите вашите деца дома без ваш надзор или кога вашето постаро дете ќе може да се грижи за помалото. Еве како да ги подготвите постарите деца за таа одговорност.

– Вечерата со сопругата само што завршуваше кога ни се јави нашата 13-годишна ќерка, готова да заплаче: „Филип само што ја фрли кутијата со житарици, тој воопшто не ме слуша и не знам што да правам!“, ни рече поголема ќерка Дора.

Нејзината фрустрација била разбирлива: првпат се грижела за својот мал брат.

– Разговарав со неа и додека стигнавме дома, Филип со правосмукалата веќе ги собираше житариците. Дора беше смирена и горда на нејзиното достигнување. Што е најважно, рече дека би била повеќе од среќна ако повторно се грижи за нејзиниот помлад брат – вели мајката Ана за првото искуство кога ја оставиле постарата ќерка да се грижи за нејзиното помало братче.

Денот кога конечно ќе можете да ја „вработите“ вашата лична дадилка е момент за кој фантазираат многу родители. Но, остварувањето на овој сон е малку понепријатно отколку што мислите и покомплицирано отколку изнајмувањето дадилка.

Како да препознаете дали вашето постаро дете е подготвено за чување деца?

Едноставно кажано, експертите велат дека треба да очекувате дека вашето дете ќе ја има истата зрелост и квалификациите што ги поседува ангажирана дадилка; во спротивно, вашето дете не е подготвено да биде главно.

– Тоа што има одредени години не значи дека детето е подготвено да биде само со братчето или сестричката – вели Трејси Ворен, национална директорка за превенција на повреди и едукација во „Чајлд лајф“, Канада.

– Родителите или старателите мора да одлучат дали нивното дете е способно да се справи со одговорноста и, ако е така, со кое ниво на одговорност.

Како да се подготвите?

Ако вашето дете е доволно зрело за задачата, тргнете во акција. Подгответе го вашето дете во игри со улоги за ситуации што може да се појават. „Што ако се огласи алармот за пожар?“, „Што ако твојот брат или сестра почне да повраќа?“ Запишете ги правилата, ако тие помагаат. Оставете го постарото дете на должност еден час додека сте дома. Потоа излезете еден час. Постепено продолжувајте го времето на два часа, па по некое време, ако сте убедени во способноста на постарото дете, можете да си дозволите цела вечер.

Јасно кажете ги вашите очекувања

Покрај тоа што ќе ги водите овие деца низ сценарија за итни случаи и ќе поставете упатства за однесување, кажете им како можат да го поминат своето време. Дали им е дозволено да грицкаат чипс и да ги користат нивните уреди или се очекува да грицкаат зеленчук и да пишуваат домашни задачи?

– Првиот пат кога ја оставивме Дора, ја замоливме да направи пуканки и да избере филм за гледање пред спиење. Мислевме дека ќе биде полесно отколку да приготви вечера и да го натера Филип да учи. Почнавме со мали одлуки, и тоа за двајцата беше одлично искуство – вели мајката Ана.

Првиот пат кога Маја Б. го оставила синот, кој тогаш имал 12 години, да ја чува помалата сестра, било само на еден час. Парот со текот на времето постепено го зголемувал своето отсуство додека не се уверил дека нивниот син е подготвен да биде главен.

– Одлично поминаа и сè одеше според планот. И двајцата беа среќни. Кога ќе им се каже дека се очекува од нив да се согласуваат, тие се во ред – вели Маја.

– Не мора да се согласуваат совршено, но мора да постои линија на почит и толеранција – вели Маја.

Дали треба да му се плати на постарото дете за чувањето?

Тоа зависи од вас и од возраста на вашето постаро дете. Можете да понудите дополнителен џепарлак или да го наградите детето по чувањето на помалиот брат. Некои родители дури им плаќаат на помалите деца за нивното однесување.

– Не ѝ плаќаме на Дора да го чува братчето; тоа е само уште еден начин како таа помага дома. Дора сака одговорност и смета дека тоа е пракса за идните потенцијални платени работни места за чување деца. Освен тоа, стана полесно – Филип е ѕвезда уште од почетното фијаско со кутијата со житарици.

Извор



912

X