Започна новата учебна година и многу деца сакаат сами да одат и да се враќаат од училиште. Кога е вистинското време за тој голем чекор?

Одговорот на тоа прашање во голема мера зависи од возраста, но и од степенот на одговорност и независност на детето, како и од растојанието помеѓу домот и училиштето. Американската академија за педијатрија вели дека децата не се подготвени сами да одат на училиште до околу 10-годишна возраст.

„Ова е, од развојна гледна точка, возраста на која повеќето деца можат да ја проценат брзината и оддалеченоста на автомобилите што се движат по улиците“, велат тие.

Без разлика дали го придружувате вашето дете до и од училиште или тоа оди само, најважно е да се внимава во сообраќајот. Во последните десет години на хрватските патишта загинале 69 деца, а биле повредени 8.747. Децата пред 15 години биле најповредени како пешаци, а денес се најмногу повредени како сопатници во возила, се вели во информациите од хрватското министерство за внатрешни работи.

Совети за децата:

-за движење, користете го само тротоарот
-поминување на коловозот само преку обележан пешачки премин – „зебра“
-на места каде што има семафор преку патот, преминувајте само кога на семафорот свети зелено светло
-проверете дали има возила што доаѓаат, дури потоа зачекорете на патот
-ако возилата минуваат непрекинато, почекајте едно од нив да застане и возачот со раката да ви покаже дека можете безбедно да го поминете патот.

Да напоменеме и дека експертите сметаат оти повеќето деца до девет години не треба да бидат сами дома по училиште, како и дека децата до 13 години немаат доволно развиени капацитети да реагираат во непредвидливи ситуации, поради што не е пожелно да бидат сами долго време.

Извор



912

X