Игротека

Кога ќе ти кажат уживај во секој момент од мајчинството… Баш во секој?

Кога имаш бебе, сите малку го креваат, го гледаат, го галат. Особено мајките чии деца се веќе пораснати. Тие сакаат уште малку да го впијат тој бебешки мирис и допирот на таа мека, совршена кожа, желни уште еднаш да го почувствуваат тоа бебе во рацете. И сосема е јасно, затоа што бебињата се најпрекрасното нешто на светот.

И во тој период најмногу ја слушате онаа позната реченица: „Уживај во моментот. Ќе ти недостига!“

И ова го слушаш многу пати, од различни страни. И знаеш дека треба да уживаш во тоа. Но, тогаш бебето ве буди во 3 часот наутро врескајќи. И тоа е веќе шести пат вечерта. Веќе го преслече двапати, и четирипати му даде да јаде. Не си го знаеш името од што си уморна и се чувствуваш како воопшто да не си ги затворила очите.

Мора и во тоа да уживаш? Велат дека мораш – нели, во секој момент. Затоа што мајчинството е прекрасно.

На оваа тема зборув и Кристина Кузмиќ, мајка, писателка и комичарка.

– Кога бев млада, многупати ми велеа дека морам да уживам во секој момент од родителството бидејќи сето тоа еден ден ќе ми недостига – вели таа.

– Добро, дали можам да уживам во СЕКОЈ миг?

Следува моментот кога детето случајно ќе ѝ поврати во лицето, па потоа уживањето во моментот додека го брише подот затоа што детето одлучило да црта со измет.

– Знаете дека велат дека сè ќе помине? Па, се надевам дека овој експлозивен измет нема да се случи, бидејќи уживам во секој момент од него – вели Кристина.

На крајот таа ужива во викање, расправање, карање и сето она што го доживуваат родителите на тинејџери. Кристина се качува по скалите и вели: – Се надевам дека овој момент нема да помине толку брзо бидејќи уживам – вели таа.

– Родителството не е секогаш пријатно. НЕ затоа што нешто не е во ред со тебе. НЕ затоа што си неблагодарен, туку затоа што родителството може да биде многу тешко. Толку е едноставно – вели таа на крајот од видеото.

– Ако не уживаш во родителството 100 отсто од времето, тоа не значи дека не си ги сакаш децата – вели таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top