Од исцрпеност патат многу мајки, но често немаат со кого да ги поделат обврските

Постот на татко на три деца чија сопруга од изнемоштеност заспала на подот во детската соба е споделен и прочитан многу пати, а начна и многу важна тема за преоптовареноста на мајките со децата и обврските.

Новозеланѓанецот Питер Бристоу во својот фејсбук-пост објасни дека тој ден забележал нешто чудно додека ги хранел децата – некој недостигал во таа семејна слика. Тоа била неговата жена и одлучил да провери зошто ја нема. Ја нашол како спие на подот во детската соба.

– Најпрви се запрашав дали е жива. Срцето почна да ми чука многу силно кога ја видов како лежи на подот среде бел ден. Зашто мојата жена едноставно никогаш не застанува – напишал Питер. Додал дека откако ѝ се доближил, сфатил дека сепак дише. Затоа донел две ќебиња и перница да ја покрие и да ѝ биде поудобно.

„Неуморната“ мајка се појавила по 20 минути спиење. Толку ѝ требало за да собере сила и да се врати во погон.

– Кутрата Сара. Ја направив оваа слика додека спиеше на подот. Морници ми поминаа по грбот кога ја видов така изнемоштена на подот. Ми рече дека ја менувала посетлнината и дека во тој момент подот ѝ се чинел како луксузен кревет на кој би можела да дремне – објасни Питер.

Неговиот пост предизвика многу коментари, а многумина го пофалија Питер зашто е сочувствителен и покажува благодарност за трудот на Сара.

По 20 минути спиење Сара повторно била спремна за дневните обврски. На многу мајки им е потребно токму толку – 15-20 минути краток одмор за да продолжат „освежени“ со дневната рутина.
Покрај тоа, да имате партнер кој ве сака, ве поддржува и кој ќе ви овозможи малку мир, е вистински благослов – коментирале мајките на статусот на Питер.



912

X