Кога имате силна мајка, веднаш учите да ја цените својата вредност и учите дека не ви треба друга личност во животот за да бидете среќни и успешни. Сфаќате дека имате сè што ви е потребно за да ги остварите вашите соништа и дека можете да сјаете поради сопствените заслуги. Сфаќате дека љубовта и пријателството не можат да ве усреќат ако прво не се чувствувате добро сами со себе.

Кога имате силна мајка, учите без страв и срам да му ги пренесувате својата вистина на светот, од рана доба учите да бидете независни бидејќи светот не ни доаѓа на дланка. Учите да се борите и да победувате сами, да водите сметка за себе и да се грижите за своите потреби, бидејќи знаете дека никој не е овде да го живее вашиот живот наместо вас.

Кога имате силна мајка, учите дека не е корисно да ги почитувате другите ако се презирате себеси. Учите да се сакате и да се цените себе, пред сè, пред пријателството и љубовта. Знаете дека самите ќе си бидете единственото дефинитивно друштво до крајот на животот, па така би требало да го правите најдоброто за себе.

Кога имате силна мајка, учите што е вистинска љубов. Учите да се однесувате внимателно и посветено кон луѓето во вашиот живот. Учите да ги разликувате автентичните односи од токсичните и, пред сè, учите да бидете блиски со луѓето што ве почитуваат. Кога имате силна мајка, учите да бидете силна личност, па дури и ако плачете, силни сте. Сфаќате дека дури и најсилните имаат слабости и моменти на сомнеж и дека силата и слабоста одат рака под рака.

Кога имате силна мајка, имате најдобар модел кој треба да го следите. Пример кој секој ден ќе ве прави посилни и посреќни!

Извор



912

X