Воспитување

Кога го учите детето на емпатија, му давате голем дар. Како да ги почитува туѓите чувства и зошто е тоа важно

Во свет каде што задоволувањето на сопствените потреби е примарна цел, емпатија речиси и да нема. Сепак, тоа е многу пожелна особина. Затоа е многу важно идните генерации да ги научиме што значи да се има емпатија и како таа позитивно влијае врз луѓето.
Емпатијата е способност која повеќето луѓе се стремат да ја имаат, но многу мал број вистински ја поседуваат.

Што е емпатија?

Многу луѓе не прават разлика помеѓу симпатија и емпатија. Емпатија не е само способност да ги разбереме туѓите чувства. Криминалците често ги залажуваат луѓето така што им влеваат доверба преку разбирање на нивните чувства. Емпатијата е многу повеќе од тоа. Освен способност да ги разбираме туѓите чувства, тоа е и способност да ги почитуваме и вреднуваме тие чувства. Тоа значи да ги третираме другите луѓе со љубезност, почит и разбирање.

На децата им е потребен модел на однесување

Додека некои деца се природно емпатични, на другите им е потребно да ја научат оваа способност набљудувајќи ги возрасните. Многу е важен квалитетот на односот што децата го имаат со своите родители.
Родителите што покажуваат интерес за децата и кои на нивните емоционални моменти реагираат позитивно и грижливо, ги учат децата на емпатија.

 

 

Излезете им во пресрет на нивните емотивни потреби

Ако вашето дете минува низ тежок период од животот или на кој било начин му е тешко, треба да бидете покрај него. Што ќе постигнете со ова однесување? На овој начин ги учите децата во иднина да им излезат во пресрет на другите што се во лоша ситуација.

Зборувајте за чувствата

На многу родители им е тешко да зборуваат со своите деца за нивните емотивни потреби и вешто ја избегнуваат оваа тема. Тие самите не можат да се справат со туѓите чувства и не им е пријатно во ситуација која бара емотивна реакција. Многу често се исплашени и од сопствената реакција.
Добро е да зборувате со децата за емоциите. Именувајте ги нивните емоции и покажете им дека тоа што го доживуваат е сосема нормално. Научете ги со емоциите да се справуваат на позитивен начин и укажете им на тоа кога некој од околината изразува емоции. Покажете им како да се однесуваат во ситуации кога е потребна нивната емотивна реакција и како да ги почитуваат туѓите чувства.

Вежбајте емпатија на реални случки во животот

Не постои подобар начин да го научите детето на емпатија отколку преку примери од секојдневниот живот. Искористете ситуација која негативно влијае вез одредена личност и прашајте го детето што мисли, како се чувствува таа личност и тоа влијае врз неа и врз другите лица што се вклучени. На пр., ако видите амбулантна кола што брза по улицата, прашајте го детето што мисли, како се чувствуваат родителите на болниот?

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top