Блогерката Дана, која е и мајка, напиша текст во кој објаснува на што мисли една мајка кога ќе рече дека ѝ е потребен одмор или пауза.

1. Одмор значи ОДМОР. О-Д-М-О-Р. Не значи две минути заклучување во бањата додека нејзините деца ќе ги пикаат прстињата под вратата или звукот на рачката ќе одѕвонува во нејзините уши. Кога една мајка ќе рече дека ѝ треба одмор, најверојатно бара да биде сама и подалеку од малите луѓе кои постојано ја следат насекаде.

2. За појаснување, кога една мајка ќе рече дека ѝ треба одмор, не значи дека не си ги сака децата, сопругот или семејството. Напротив, факт е дека ги сака толку многу, што само ѝ треба простор да се релаксира од целата таа слатка љубов.

3. Под одмор не се подразбира времето поминато насамо додека таа вози до продавница. Поверојатно е дека таа ќе оди во продавница и ќе потроши мало богатство за храна за нејзиното семејство – храна што или ќе биде изедена за 2 секунди или за која нејзините деца ќе одлучат дека ја мразат. Така што, не, патувањето до продавницата НЕ е одморот кој таа вели дека ѝ е потребен.

4. Одморот може да трае 5 минути или 5 часа. Само таа може да го определи тоа, не ти.

5. Мајката која вели дека ѝ треба одмор апсолутно, 100 отсто, недвосмислено, е фантастична мајка. Тоа што ти треба бегство од мајчинството не те прави неблагодарна или неспособна да бидеш добар родител. Вистината, барем за мене, е дека времето насамо ми овозможува да бидам подобра мајка.

6. Не постои ниту една дефиниција која определува што е тоа одмор. Секоја мајка има своја замисла за тоа како изгледа одморот. Можеби е пронаоѓање тивок агол во кафетерија и читање еротичeн роман. Можеби тоа е џиновска чаша црвено вино и долго, долго, бањање. Можеби е работа во градината или онлајн покер или скролање на „Инстаграм“ додека не заборави која година е. Каква и да е нејзината замисла, тоа е нејзина замисла.

7. Одморот е за неа и само за неа.

8. Ако таа избере да го вклучи семејството во одморот, тоа е нејзино право.

9. Ако избере да изеде 18 пакувања чипс за помалку од 15 минути, гледај си ја работата.

10. На многу мајки, вклучувајќи ме и мене, им е тешко да признаат дека имаат потреба од одмор. Не знам дали тоа е поради страв да не изгледаат слаби или поради нешто друго, но во некои случаи не треба да чекаш таа да ти каже дека ѝ треба одмор. Многу пати таа веќе е на лошо место и нема време за тоа.

11. Никогаш не осудувај ја затоа што сака одмор. Таа е човек.

12. Не ѝ суди, точка.

13. Таа може жестоко да си ги сака децата и сопругот и сè уште жестоко да посакува да биде илјада километри подалеку од нив.

Уште еднаш ќе повторам: Ако имаш потреба од одмор од мајчинството, не значи, ниту пак некогаш ќе значи, дека си лоша мајка. Имаш право да ти треба простор за да можеш да дишеш. Имаш право да имаш потреба од време за себе и само за себе. Имаш право да не сакаш главата на твоето дете да биде постојано зад твојот задник.

Имаш право да изгубиш контрола ако изгледаш уште една епизода од нивните цртани филмови. Имаш право да не сакаш да слушаш „Мамооооооооо“ 8.456 пати во период од 10 минути. Имаш право да не ти се допаѓа секој дел од мајчинството и имаш право да имаш денови во кои воопшто не го сакаш мајчинството.

Најважно од сè, имаш право цврсто да се држиш за девојката која беше пред да станеш мајка, бидејќи таа сè уште постои и заслужува да биде сакана и почитувана. Затоа, земи го потребниот одмор…

Извор



912

X