Сладоледот е вистински летен десерт кој сите го обожаваат, па многу родители се прашуваат кога е вистинското време за првиот сладолед
Неизоставен дел од летната исхрана е и сладоледот, па често прашање е кога може да им се даде на најмалите. Имено, точни препораки нема, но поради поголемото количество шеќер и поради температурата на производот, не се советува да им се дава на деца помали од една година, па дури и на малку поголеми, објаснува нутриционистката Тена Нисетео.
Поголемите деца, пак, слободно може да го јадат. На крајот на краиштата, станува збор за млечен производ, односно десерт со висока хранливост, па може да се смета и за меѓуоброк, но, секако, нутриционистички гледано секогаш е подобро да го збогатите со парчиња свежо овошје (боровници, праски, јагоди и сл.).
Важно е да се спомене дека во тој период продуктите многу брзо и многу лесно се расипуваат, па затоа е подобро да се следат следните совети:
– Првин добро прегледајте го производот;
– Купувајте помали количини од продуктите што лесно се расипуваат;
– Правилно складирајте ги и
– Подгответе ги непосредно пред јадењето.