Повеќето родители користат „бели лаги“ за да ги заштитат своите деца (или да си го зачуваат сопствениот разум). И тоа е сосема во ред. Проблемот се јавува кога родителите лажат за поголеми и посериозни теми, како смрт или развод. Можеби мислиме дека ги поштедуваме, но всушност ги лишуваме од емоционален развој. Дополнително се губи и можноста да се изгради доверба и комуникација помеѓу родителите и децата. Па, кога треба да ја кажувате вистината, а кога е во ред да излажете?

Смрт

Не е во ред: Без разлика дали се работи за милениче или баба/дедо, никогаш не е лесно да му се каже на дете дека сте изгубиле некој сакан. Но, ако се користат метафори или ако се избегнува темата, само ќе направи поголем проблем во иднина. Подобро е да се каже вистината, но да се приспособи разговорот на нивната возраст. Ако сте исплашени од поттикнување на темата, има многу книги и прирачници со совети што може да ви помогнат.

Од каде дошле бебињата

Не е во ред: Полесно е да му ја кажете на детето приказната за штркот наместо за сексот, но ако се избегнува таа тема, тоа може да предизвика збунувачки, негативни гледишта кај детето во врска со сексот и претставата за телото и физичкиот изглед. Сепак, овој разговор не треба да се претвори во лекција по биологија. Почнете од мали нешта – дека јајце расте во стомакот на мајката. Потоа кога детето ќе стане поголемо и позрело, ќе му дадете поспецифични детали.


Дедо Мраз


Во ред е: Додека би било убаво и родителите да добијат пофалба за избраните подароци, сепак е во ред да им се каже на децата дека човекот во црвен костум е заслужен за нивните подароци. Зошто? Затоа што верувањето во Дедо Мраз помага во развивањето на имагинацијата и ги одржува децата невини подолго време.

Развод

Не е во ред: Децата имаат поголема перцепција отколку што ние мислиме и може да согледаат дека нешто се случува помеѓу нивните родители. Ако се обидувате да им кажете дека вие и вашиот партнер сè уште се сакате, шансите дека нема да ви веруваат се големи. Да не ја споменуваме и лажната надеж која може да ја добијат дека вие двајца некогаш повторно ќе бидете заедно.

Зеленчук во вечерата

Во ред е: Тука лажењето нема да ги повреди, напротив – само може да ги поттикне да јадат повеќе зеленчук, што е добро за нивното здравје.

Вашето минато

Во ред е: Некогаш ќе треба да разговарате со вашиот тинејџер за дрога и алкохол, а може да бидете прашани дали вие сте експериментирале со тие работи додека сте биле млади. Кажете им ја вистината, особено онаа за негативните реперкусии, што може да го отстрани искушението. Но, ако не се чувствувате пријатно или не сте сигурни како да објасните, тогаш можеби е подобро некои работи од минатото да си ги задржите за себе.

Отсутни родители

Не е во ред: Ако вашиот партнер замине и го напушти семејството, веројатно веќе ќе биде избришан од животот за вас. Но, тоа не значи дека истото треба да му го кажете на детето кога ќе праша каде е неговиот татко или неговата мајка – зашто ако некогаш партнерот се врати, тогаш ќе имате голема тешкотија да ја објасните кажаната лага.

Автор: Лиа Рокето

Извор



912

X